без (предл.) - пардон (имн.)

Капките пот бавно се тркалаат по челото, образите, вратот на тркачот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Групи весели мечиња, парче по парче, го носат својот тежок товар и симпатично збивтаат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Без такт, без рафинман, без пардон.  И одново тие: Весели мечиња одат по улицата Под Липите, и гледај, се движат кон срцето на Берлин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако не внимаваш на него, ќе ти побегне без пардон.(Зошто употреби машки род, „блудник“, а не оној вообичаениот, „блудница“?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Неговиот речник е далеку од нежен, неговата мисла е остра како жилет, неговата логика е ненадјебива, а тој е безобразен без пардон.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Беше во фаза на премаленост: „Јас кутрата, беспомошната, што секој ја гази без пардон, сум непотребна во овој безмилосен живот“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ќе мора, без пардон, да се измолкне од ланецот на патријархалниот дух, со којшто е „вланчано” ова општество, мора посмело да го истакне своето природно право, и тоа на живот, нов, сложен, богат живот, со сета уста мора да објави „Да живее животот! ”, на тој начин заглушувајќи ја страшната старечка коскена треска од која чкрипи, штрака и одекнува, со својата последна сила, „Viva la muerte!”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Да ви кажам нешто за мојот последен концепт на лудило без пардон.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)