без (предл.) - присуство (имн.)

Колку е човекот условен од знаењата што ги има за историјата, колку традицијата, преданието, фактичката историја, се неопходни аспекти на личноста, може ли да се постигне индивидуација без присуство на таа компонента, се прашања кои Башевски ги разгледува поставувајќи паралели меѓу Симона и неговиот предок, како и меѓу „ликот“ на селото и она што е задржано во колективното паметење и, конечно, меѓу историчарот Владе и наводните документи за историјата на селото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Луѓето по толку децении во Картагина, во земјата, во соседството мораа да привикнат на животот без присуството на Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Заклучок Како еден од основните инструменти за пот­ тикнување (или уште подобро, принудување) на пот­ рошувачката до претходно невидени размери, билбордите (и надворешното рекламирање воопшто) значително го имаат изменето поимот но и искуството на јавниот простор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тој атеист, а вака се изразува, којзнае на што цели, или така е адет, кога се зборува со постари луѓе, или без присуство на претставникот на партијата се чувствуваше послободен.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нивното сеприсуство во градот гарантира дека „ниту еден миг на шетањето низ градот нема да се мине без присуството на стоковните слики“149.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)