без (предл.) - смисла (имн.)

Насетував дека правам некоја работа без смисла и цел, и дека, впрочем, нема ни да ја довршам, ќе ја оставам заради некој нов - речник...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сред грмежи страшни, сред пукање често, без смисла е дури командата бојна: „Отстапујте, момци, на сигурно место, нѐ напаѓа сила неизмерно бројна“.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Страв и восхит Претпоставка: Македонскиот крал премногу го сакал светот и премногу можел и премногу претчувствувал немал време, хронично немал но сепак доволно за да ги поремети дозите предвидени за рамнотежа на Просторот, и самиот без смисла за умереност - хармонијата е нешто друго, сосема само предозирана волја, отровен концентрат само неповторлив порив, рев по далечното - туѓината како вечно искушение! само силна страст по странствување per se, дури и во јазикот само вродена дарба да и’ се тутне на смртта грациозно, пагански под здолништето додека Оваа си игра божем случајно криенка-миженка митска мижитатара само сензибилитет за походи општа хиперсензибилност - просто да се спростре врз далечниот Исток ко полна месечина на полноќ - просто да го освои светот како туѓа жена со чувство на нелагодност а забраната стимулира срна истрчува на пусија во заседа, балканско дувло империјална глутница избришани, заташкани траги имагинарно писмо толку голема моќ што се втиснала во потсвеста за век-и-веков жиг на восхит и страв од повторување од повторување на судбината...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Така се разнесе по куќите прикаска од безброј парчиња, без почеток и без крај, без смисла, како и обично што се случува во такви прилики, една доверливост што минува од човек на човек, за задграничната дејност на Марко Проказник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зимница Две тегли кисели насмевки. Без конзерванс. И без смисла за хумор.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
И, удрен очи в очи со сета морничава пустош на сѐ околу него, изврзан и распнат, тој сега почна да вика, да завива, врескаше нешто од својата бука, довикнуваше некому нешто, надвикнувајќи сè друго во себе, се одѕиваше на секое ново далечно завивање, го бркаше од под себе оној парталав влечко, укаше, пцуејќи ја неговата зачеканост, повикувајќи го на некаков мегдан, разговарајќи со него, сѐ додека виковите, тие негови високи завивања без смисол, не се престорија во еден преоптегнат, болен напор, во кој беше многу тешко да се достои.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)