без (предл.) - траг (имн.)

Со не така бистар ум и замаглен поглед ќе го зграпчам и ова утро како секое претходно залудно поминато и секое наредно што без траг ќе помине, без совест ќе ме одмине.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во мислите, оваа ноќ, сеќавањата на миговите од неговиот живот му беа зачувани како живи, како вакуумирани во некој вонвременски простор или длабоко смрзнати од студенилото на зимата, а годините што ги минал во тој живот беа исчезнале без траг.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)