без (предл.) - функција (имн.)

„Така што вашата заедница би им ги плаќала надниците на тие работници.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Како?” - прашува снисходливо актуелниот претседател на еврејската заедница кој стои пред Координациониот управен одбор за социјалните работи, зајакнат со Д-р Цви Корец кој е сѐ уште повратник од Виена и личност без функција и уште дванаесет видни личности на солунската заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го наследија близнаците Крловац од некој свој роднина добротвор и наследија една колиба со многу ненужни предмети: дрвена вила, дрвена лажица, дрвен чанак, дрвен триножец, земјана стомна, земјено грне, стар календар со избледена слика на некаква кралица и сѐ така нешто бесцелно и без функција во еден живот на кој му припаѓаа - колекција на разнобојни срчи од прозорците на некоја градска црква, урната во војната, китка суви непознати треви, куп черги, војнички шлем, карбитена ламба.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)