без (предл.) - цел (имн.)

Сега погледот му заскитува без цел по напрашената површина на таванските арабески.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Градот беше полн со јаничари, тоа го знаеше, и шетањето без цел за млади луѓе, и тоа на изглед помлади, како него, беше многу опасно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А горе, горе сѐ порив до порив да се бара, да се бере, да се бира да се стигне негде, макар без цел а горе, горе самородна арома со горчлива слуз заситувачки и насладувачки марципан бадемов прав и крем служен во мали дози, налик на отров а горе - друг свет, поинаков, питомо див понекогаш видлив, понекогаш не!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Потоа долго и без цел се влечеа низ сивилото на улиците бесмислено загледувајќи ги минувачите в очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)