в (предл.) - море (имн.)

Сите води на светот капетанот Џек го славеле: само името кога ќе му го слушнеле корабите в море се давеле. И пиел капетанот Џек.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Родени таму каде што птиците клукаат аспирини, тие не го разликуваат живото од мртвото. Сѐ им е познато, што и да спомнеш. Твоите зборови се дожд што паѓа в море. (Пиштало)
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако сте осамен пуштајте гусарски кораби в море. Чао.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Од еден питач слеп, кому, како и на секој питач дланката му е благајна Христова, оти кој на сиромавиот му дава – на Христоса му дава, разбрав дека светите мошти на светецот велик сѐ уште лежат в море.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И сега не веруваа, иако, како што реков, пред да стигне Филозофот, стигна вест за чудесата со отркивањето на моштите на Свети Климент, пречесниот римски папа што беше маченички удавен в море.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Неколку морнари ги извадиле од вода трговците што спасот го побарале скокајќи в море.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ја дале и првата жртва. Ризо Трјаков, 35-годишен, од гевгелиските села, бил болен и не можел да го издржи напорното патување. Неговото тело било погребано в море.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На чаша ракија рибарите по крчмите потшушнуваат доверливо дека Џемал-ага ги фрла кутрите девојки в море.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се чинеше дека немаат крај, се губеа некаде во мрачната подводна далечина. – Јас вечно ќе ги цицам соковите на земјата и, еве тука ќе ги исфрлам, како в море ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сигурно ќе нѐ истурат в море, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
– „Не ќе жалав толку, Боже, си велела со жалосен глас, за Силјана мој, ако беше умрел овде, барем гробнината ќе му ја знаев и свеќа ќе му палев, ами како да не жалам и да не плачам кога в море може да се удави одејќи на тој пусти аџилак.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- „Ами како се удави сиромашкиот дуовник в море, бре чедо?“ му рекол татко му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Море не велете ми аџија, бре селани им рекол Силјан, оти не би касмет да одам на аџилак, чунки дуовникот што ме зеде да ме носи се удави в море; оставете, браќа, не е за кажување и за верување тоа што сум патил во овие две-три години, ама ак ми беше тоа што сум патил оти од таткова и мајкина клетва не сум верувал.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Чунот се навала на едната и на другата страна и гледаме да не прекантари, да не нè фрли в море.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
се фаќа за носот и повраќа, некој снебивлив и кревок човек, ние одиме и смрдиме, ни смрдат алиштата, ни смрди и дишењето, душата, одиме меѓу пушки и штикови в затвор, а таму - пак сослушувања, нови премрежиња, кај ви се пасошите, ни велат, ги фрливме в море, велиме, од страв да не бидат откриени, велат, не од страв, туку од радост, велиме, не можеш со ѕидон да се разбереш, ние кажуваме едно, тие прашуваат друго и ништо не помага, нѐ осудуваат на смрт со стрелање, мене, Стевана Докуз, Илија Јованов, Добри Закоски, Јоше Богески и Силета Плевнеш, Стеван се тресе, го собира срцето ко полжав роговите и олкави солзи му се тркалаат по образите, му паѓаат в уста, а тој само шмрка и ги подголтнува и идат две војничиња со муцки од глушец и со ситни очи како топуски и ни собираат сѐ што имавме купено: чевли, шапки, палта, панталони, обетки и прстени за жените, џепни сатови, пари, сѐ, еден зема, другиот ги собира на една мушама, ги подврзаа плачките и ни даваат белешка, што зеле, ја подврзуваат мушамата со крајовите, ја креваат и си заминуваат, отиде печалбата наша и седиме, никој не заспива, од утре ќе имаме напретек време за спиење, уште една ноќ живот, си светкаме со очите и прашуваме кој го фрли прв пасошот,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Подзапре, а потоа повторно забрза како оваа патувачка баханалија да мораше да го достигне својот врв и да заврши пред да се нурне сонцето в море.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)