в (предл.) - поле (имн.)

Па за в поле, ми дал господ, ќе ваќам аргати, ќе туркам некако“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пусто остана полето, пусто зазори зората - чемрее в поле врбата, чемрее - тажи непознат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
В поле над млади јаганца ножеви остри л'скајат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Натаму - в поле битолско чемрее врба проклета - под врбата незнаен гроб, в гроб лежи војник непознат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
— Шо велиш, Андоне, ќе можеме ли да слезиме некаде в Поле? — го праша Толо Андона, колку да поддене разговор и да ги отфрли мислите од русата глава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се знае ли? Сето село, цел народ е надвор в поле и не знајш од каде ќе се натресе некој.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ветрови, пак ве молам. Вратете ги белите пеперуги в поле.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тие денови што одевме в поле, ни се примирија црнките во очите, ни се поправи видот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ги ставиме комарниците преку глава и ќе нѐ пуштат в поле.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пилци да се сторите и од куќава наша да одлетате, да в поле да појдете по трњето да стоите и еден-друзи да се барате, та да не можете никогаш да се најдете.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
За нив татко ми прикажуваше оти тие биле брат и сестра и ич не живееле како што рекол Господ, та беше ги колнала мајка им и татко им да се сторат пилиња и да одлетаат в поле, та да се бараат и еден други и да не се најдат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Откога си поплакал Силјан на куќа на деветти марта за домашните, кога ги гледал и не можел со нив да зборува, на жалта згора си летнал од куќа и си ошол в поле да си ги види нивјето, ливаѓето, лозјата и чаирите кај што паселе говедата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Со надеж Силјан да најде луѓе, тргна да оди од планината в поле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Сполај ти, Господи, сполај ти, бре стрико, што беше била клетвата лоша, им рекол Силјан, татко ми кажуваше за две пилиња што се кај нас в поле, едното го викаат Сиве, а другото Чуле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И за вистина, синко Силјане, беа се сториле пилци и си пошле в поле да живеат по трњето и катаден еден други да се бараат и да не можат да се најдат и да се видат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Тие две пилиња и ти сам си ги видел и си ги чул, синко, в поле кај си стојат по шипјето и глогјето и си пеат; едното си пее: сиве, сиве, а другото – чуле, чуле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А сонуваше разни соништа: како куќата станува подвижна: ту се наоѓа в планина, ту се наоѓа в поле, ту со неа патуваат како да е на тркала, ту летаат по небото, ту пловат по езерото како да е брод; но бродот се дупнува, се полни вода и тие почнуваат да тонат; но писокот нејзин ги спасува од давење; се буди и гледа како Бандо во спиењето и ја ставил раката на грлото и ја притиска; од тоа таа не може да дише, здивот ѝ се зема.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
црвената: пламливи, избувливи луѓе: што на ум, што в срце - тоа на уста, за една болвосерка - туриваат каца со мед; им пререче ли нешто, им се пикна во зборот, не ги поддржа, не им одобри - повеќе за тебе не држат, те замразуваат; додека имаат мака на алтан-терезија те држат, кога ќе им помине маката, за старо тенеќе те даваат; само тие како да постојат во селото; соседите ги тераат да ги врзуваат кокошките, а тие кучињата свои ги пуштаат кај што сакаат; кога ќе се впипрат во лицето - запелтечуваат; ако ти е фрлена шега, подбив, мунѕа - од нив е; се зафатија ли со нешто, наумија ли нешто - или ќе го сторат или раката ќе си ја отсечат; жолтата: колебливи во очи, во држење, во однесување; многу сакаат да слушаат, да чујат сè, а ни трошка нешто од себе да речат; во расправиите бегаат, не сакаат тука да се најдат; дома глас не им се слуша, како да не се живи; за мала работа трчаат кај соседите за совет; кога ќе им влезеш в куќи, не ги фаќа паника, ниту брзаат да те почестат; ако дедо им бил говедар, козар, питроп, полјак - таткото и синот и внукот се тоа; по гробиштата кога сите лелекаат и плачат, тие ги гаснат свеќите да не се трошат до крај; секогаш одат со навалени глави загледани во земјата како да бараат нешто што изгубиле или пак што загубил друг; кафеавата: рано легнуваат, рано стануваат; тешки во одењето, тешки во зборот; само за себе живеат; што било, како било - во нив останува; дома со седење те пречекуваат: ќе те измерат: кој си, што си, па ќе станат; за многу работи се прават дека не чуле; она што е нивно не го даваат на друг да се послужи; устата им испушта мед, а срцето пелин; кога ќе им дојде невеста во куќата, или ќе ја претопат - табиетот да им го земе, или клоцата ќе ѝ ја удрат; имотни се, но со прсти стегнати, кајафлии не се расфрлуваат и не арчат многу: дури и кога дечињата наутро ги празнат мешињата, ги празнат во дворот - да имаат што и кокошките да колвнат; избегнуваат кај што не им е по ќеф или кај што шерепере се зборува; жените со плетиво одат в поле, в планина, в црква, на молзење, в град по купување; кога даваат совет, не ти кажуваат сѐ докрај - нешто и за себе задржуваат; ако те засакаат - виделе нешто во тебе што им се допаѓа; кога ќе им се случи нешто лошо во куќата, одмерено плачат; кога се болни, не ѝ веруваат на болеста; со неа шетаат, со неа работат, со неа по веселби одат; ја носат, а гледаат кому да му ја прилепат; розовата (шеќерлијата): чаламџии, фодули, самобендисани, а купи ден - помини; на оро први; те сакаат додека имаат мака; јајце да варат, надвор го варат - да ги гледаат сите; од надвор куќата чиста, паќна, што се вели: азна, а внатре празна; што да се случи во селото - први разбираат; во разговор ќе те префрлуваат од рид на рид, ќе ти тргаат фурки - в очи ќе те лажат; не држат многу до зборот: речи - одречи; ти даде ли нешто, сите знаат; новата кошула ја облекуваат врз старата: кој да види да завиди; први се за гости, за јадење, за пиење, а кога ќе им дојдеш дома - им поминал светецот!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
4. ТРЕВАТА ЈА ПАСАТ, КОРЕЊАТА СИ СТОЈАТ - затоа и веруваме сѐ во идната пролет: белки врз некој корен ќе израсте билка, која за стоката трње, за луѓето цвеќе ќе е в поле...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Жетвар жнее, в поле клас се рони, солнце пече, зрее жито златно, бујна песна, низ полето ѕвони: „Дејди, Јано, дејди мила душо, дал' навезе Гоцевото знаме!“
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Влегувавме в поле покриено со вода од прелеана река и тишина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Скакулецот го фатив в поле. - Лажеш. Или си го украл?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А тука беа ридои голи и долу Човек пеејќи ги успиваше лилјаните в поле И жени стоеја до Светото дрво И редеа: - Кој ќе го прескочи Светото дрво Тој ќе управува со божилакот И ќе ги победи сите болештиње и води.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Размислуваше да го начека кога оди в поле на работа и од скриено место со пиштол да му пука. Но каде да најде пиштол?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ќе му речам: - Ајде, мажу, ко сите да излеземе, да поработиме, цел народ е в поле, ќе му речам. Сѐ е прецутено, прегорено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)