в (предл.) - сабота (имн.)

В сабота, ко ќе отидеме во Прилеп, божем за да се измириме со Хаџи Ташку, планов и едно писмо, кое сега сите ние ќе го потпишеме и во кое на султанот убаво му кажуваме кои сме и што сакаме да соѕидаме, ќе му ги предадеме на Мустафа ефенди за тој преку Битола и Солун да ги препрати таму во Стамбол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сега сите добро насетуваат што им зборува Максима Акиноски: и ако отиде некој в сабота в град за да купува, или ако отиде по некоја друга работа во некое друго место надвор од Потковицата, да не шлапа таму што годе туку да си го држи јазикот стиснат за заби.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Мили мој, в сабота ќе се наврши една година од нашата прва средба... Една година среќа!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И не знаејќи што да прават сега, кога не најдоа траги од ајдутинот и од Бошета,се здоговорија уште в сабота да заминат неколкумина во Прилеп и таму по роднини и кај светијоани да се распрашаат да не би тие ги виделе или начуле нешто за нив, за Бошета и за ајдутинот, а потоа сите зеедно отидоа дома кај Јанчевци за да му се чудат на чупалето и коњот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
В сабота ќе му отидеме таму, во Прилеп, и ќе го извикаме јали кај Мустафа ефенди, јали на дуќан кај Тимона, јали во некој ан и ќе му речеме дека било што било, сега сакаме да се измириме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
В сабота ќе дојдам да ми ги сменат крпиве. А тебе, малечко, ти благодарам за прикаската.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
До сабота не остана уште многу, уште само три дена, вели Максим, може некој се готви в сабота да отиде в град за да купува?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Костадин Дамчески и Максим Акиноски се загледуваат по луѓето, но никој од нив не вели дека има потреба в сабота да замине в град за да купува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)