в (предл.) - срце (имн.)

Прва година помина грутка в срцето ѝ легна, втора година намина болест ја в гради искина.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Шумоли - в срце тага налева за црноземните робја, шумоли скришно за мртви поља за села и градови - гробја.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ох, не пукај ме, Толе, не боди ме в срце со твојте скопци, решмиња, чели и други трици!.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Митра ја прободе в срце ваквиот одговор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како да сакаше да ми ја втисне в срце оваа провинција. И успеа во тоа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И тогаш почнувам ново семе да фрлам пред очајот на пролетта зашто ќе остане сепак нешто на веков да се изврши над смртта дури да ѝ за 'рти в срце.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Луѓето го слушаа тоа и го заборавија - и мудрото објаснување на попот за дојденец, не туѓинец што понекогаш ќе привлече љубопитност но не и свој човек за кого блиските секогаш ќе најдат в срце трошка разбирање.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ние децата на самракот што меко легнува во ходникот Ние што ѝ тежиме на тежата на земјата Ние што љубиме од љубопитство Ние што не признаваме владетел во зборот формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на паднати борци со шестари в раце Ние со центарот в срце Ние избодени од игли Ние што кротко се собираме во црно-белата слика Ние од портретот групен формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на ветрот со очи во темната шума Ние громобрани на очајот развлечени во поворка Ние што подаваме рака над космичката постела Ние - тајната на светот формираме Независна Илегална Единица Пророк
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Пцујат и жени и мажи, а јас само си клавам в срце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но не го дочека: умре со бигор в срце, со жал.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
црвената: пламливи, избувливи луѓе: што на ум, што в срце - тоа на уста, за една болвосерка - туриваат каца со мед; им пререче ли нешто, им се пикна во зборот, не ги поддржа, не им одобри - повеќе за тебе не држат, те замразуваат; додека имаат мака на алтан-терезија те држат, кога ќе им помине маката, за старо тенеќе те даваат; само тие како да постојат во селото; соседите ги тераат да ги врзуваат кокошките, а тие кучињата свои ги пуштаат кај што сакаат; кога ќе се впипрат во лицето - запелтечуваат; ако ти е фрлена шега, подбив, мунѕа - од нив е; се зафатија ли со нешто, наумија ли нешто - или ќе го сторат или раката ќе си ја отсечат; жолтата: колебливи во очи, во држење, во однесување; многу сакаат да слушаат, да чујат сè, а ни трошка нешто од себе да речат; во расправиите бегаат, не сакаат тука да се најдат; дома глас не им се слуша, како да не се живи; за мала работа трчаат кај соседите за совет; кога ќе им влезеш в куќи, не ги фаќа паника, ниту брзаат да те почестат; ако дедо им бил говедар, козар, питроп, полјак - таткото и синот и внукот се тоа; по гробиштата кога сите лелекаат и плачат, тие ги гаснат свеќите да не се трошат до крај; секогаш одат со навалени глави загледани во земјата како да бараат нешто што изгубиле или пак што загубил друг; кафеавата: рано легнуваат, рано стануваат; тешки во одењето, тешки во зборот; само за себе живеат; што било, како било - во нив останува; дома со седење те пречекуваат: ќе те измерат: кој си, што си, па ќе станат; за многу работи се прават дека не чуле; она што е нивно не го даваат на друг да се послужи; устата им испушта мед, а срцето пелин; кога ќе им дојде невеста во куќата, или ќе ја претопат - табиетот да им го земе, или клоцата ќе ѝ ја удрат; имотни се, но со прсти стегнати, кајафлии не се расфрлуваат и не арчат многу: дури и кога дечињата наутро ги празнат мешињата, ги празнат во дворот - да имаат што и кокошките да колвнат; избегнуваат кај што не им е по ќеф или кај што шерепере се зборува; жените со плетиво одат в поле, в планина, в црква, на молзење, в град по купување; кога даваат совет, не ти кажуваат сѐ докрај - нешто и за себе задржуваат; ако те засакаат - виделе нешто во тебе што им се допаѓа; кога ќе им се случи нешто лошо во куќата, одмерено плачат; кога се болни, не ѝ веруваат на болеста; со неа шетаат, со неа работат, со неа по веселби одат; ја носат, а гледаат кому да му ја прилепат; розовата (шеќерлијата): чаламџии, фодули, самобендисани, а купи ден - помини; на оро први; те сакаат додека имаат мака; јајце да варат, надвор го варат - да ги гледаат сите; од надвор куќата чиста, паќна, што се вели: азна, а внатре празна; што да се случи во селото - први разбираат; во разговор ќе те префрлуваат од рид на рид, ќе ти тргаат фурки - в очи ќе те лажат; не држат многу до зборот: речи - одречи; ти даде ли нешто, сите знаат; новата кошула ја облекуваат врз старата: кој да види да завиди; први се за гости, за јадење, за пиење, а кога ќе им дојдеш дома - им поминал светецот!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зад иконата во собата, Висар наоѓаше црковни книги; читајќи ги, му стануваа сѐ поинтересни: соништата сега му беа исполнети со рајски убавини и чуда; тие книги сега не му даваа време да размислува за смртта, за стравот од Зенула; престана да размислува што ќе биде кога ќе му го забуца куршумот Зенула: како ќе изгледа тој бодеж: ќе личи ли на трн, на игла или на врв со нож; и кај може куршумот да го погоди: ако го погоди во нога - ништо, ако го погоди в рака - пак ништо; знае дека можат луѓето и без рака и без нога; но ако куршумот го погоди в глава, в срце, што навистина се случува тогаш со човека: како настапува смртта, како изгледа тој миг?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Еве, мене по детево в срце. Породи ме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Број, триесет и една сме, и не чекај ние да почнуваме. Машко си, прв замавни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мило ѝ е што Дине сѐ уште работи околу бараката, што погледнува на кај неа, што чувствува дека тој сака нешто да ѝ каже, ама не го одвртува патот, не му се приближува, а и тој одмавнува со раката и се откажува од намерата да проговори со неа оти она што сака да ѝ го каже може да ја заболи, може в срце да ја погоди, може во тежина да се претвори оти што значи ова што непознат човек виде во тело на дедо Костадина!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сонцето беше погодено в срце, се топеше. Крвавеше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тело гори, оган в срце душа бранува, во таа музика на љубовта оган танго во мене никогаш не застанува.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Имало и некој Бугарин од робијашите, па тој ништо не јадел, ништо в срце не клавал, вели. Само офкал за Бугарија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Боли пустината: те вртат сврдли, дури в срце ти посегаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може право в срце го има удрено.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе му влезе на човекот в срце и со ладно и горешто ќе го штипе за срцето. Ќе го тресе човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Смит падна, со куршумот в срце. Сите се свртија. „Будала! Се плашеше од градот!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)