во (предл.) - единаесет (бр.)

Секој ден во единаесет и пол куциот чувар, некој Грк од Северен Епир, удираше по шината.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Имав автобус во единаесет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Рано изутрината тој се упати кај началникот; но му беше кажано дека спие; тој дојде во десет – пак му беше кажано: спие; тој дојде во единаесет часот – му беше кажано: па началникот не е дома; дојде за време на ручекот – но писарите во претсобјето никако не сакаа да го пуштат и на секој начин сакаа да дознаат каква е таа работа и која потреба го довела и што му се случило.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во единаесет почнуваше неговата омилена „Час по анатомија“, потоа на полноќ беа вестите на Сител, најновите настани околу студентските немири во Грција и можното поскапување на струјата.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тоа се забележа и во работата. Дотогаш, иако мала на десет во единаесет години, работеше токму со мајка ѝ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го погледнува новиот часовник кој му работи на механичка енергија. - Во единасет навечер?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Точно во единаесет часот одекнаа звуците на туниската химна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)