во (предл.) - обете (бр.)

7. Со каиши на нозете ги прицврстив качувалките а во обете раце цврсто држев по една поголемка вакуум-гума за одзатнување на одводни цевки.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Бојс имал намера овој принцип да го примени „не само на уметничките форми, туку и на општествените, правните или економските форми па дури и на земјоделските... или образовните проблеми“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За разлика од Ниче, кој бил толку опседнат со својата независност што секогаш ја истакнувал жестоко и мегало­ ма­ни­јачки наспроти општественото стадо кое го сметал за глупо и пасивно, Бојс својата независност ја пронајде во симбиотското спојување со публиката а не во спротивставување на истата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој многу лесно се движел, и во обете насоки, долж континуумите помеѓу стадото и независноста, присноста и индивидуалноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исклучок од правилото: Македонија и Босна и Херцеговина, во кои (во обете држави) несловенскиот фактор има мошне силно влијание во формирањето на знамето како државен знак. 106 Margina #8-9 [1994] | okno.mk малку географија Најистакнат пример: Во картите на фра Мауро (ум. во Венеција во 1457) се говори за Rus- sia Bianca, Russia rosa, Russia nera; то-ест, за Бела Русија, Црвена Русија и Црна Русија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Одлуката да патувам во Албанија се совпадна со поодминатите подготовки на патувањето за кое беа вклучени неколку институции во обете земји.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
МИТРЕ: Не знам што сакам, (ја зема главата во обете раце) главата ми е како бутин! (Седнува на големиот куфер, покрај малото, и очите не ги тргнува од него).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сега низ Прењес и по целиот пат од Капештица, Билишта, Корча, Поградец, Елбасан, Драч, Сукт и Тирана, дење и ноќе во обете насоки тече животот што сега го живее Албанија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таму се славеше здравјето, тука смртта, но и во обете слики, светлината што се разлеваше низ фигурите и целиот предел (слична на онаа што пробивајќи се низ малите отвори на распнатите метални мрежи против инсектите, ја исполнува утробата на собата) беше како од милост небесна која го менува средениот однос што долу навидум владее меѓу ликот и гласот, меѓу предметот и движењето – блажена милувка на етеричниот Отец.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не само тоа: во обете форми апсолутот дејствува.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Класика и маниризам Доколку постојат две појавни форми на апсолутот - во уметноста на класиката и маниризмот - обете се поврзани со апсолутното.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
По малку време се сторил еден џенг помеѓу царот и еден друг цар.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Донесла млеко и му капнала една капка во обете очи, па веднаш му се провидело.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
По тоа Василка и ги подава на Антица стомните, во обете раце по една, а под обете мишки и на главата и става по едек леб.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Откако го откри шинелот, тој мошне гордо го погледна и, држејќи го во обете раце, мошне вешто му го наметна на рамената на Акакиј Акакиевич; потоа го повлече и го притисна одзади со раката надолу; го обргли со него Акакиј Акакиевич сè уште само наметнат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бев акредитиран како амбасадор на Југославија во обете организации...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со својата кадиска диплома со која се здоби во Цариград во времето кога се разминуваа Отоманската империјата и новата Република Турција, во обете вклучен неговиот вујко Фетхи Беј Окјар, беше судија во монархистичка Албанија во времето на кралот Зогу, па адвокат и на крајот социјалистички судија во првите денови на комунизмот во Македонија, дел од Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го запознав во Тунис во времето кога беше потпретседател на Арапската лига, тогаш со привремено седиште во Тунис, по заминувањето од Каиро, како и Палестинската ослободителна организација на чело со Јасер Арафат, откако беа принудени да го напуштат постојаното седиште во Каиро, кога Египет ги нормализира односите со Израел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најбргу постигнаа согласност, по долгите разговори крај книгите во обете библиотеки, дека треба да ја изградат стратегијата за спасот на нивните потомци на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Возот зад мене збифташе со здив на рането животно, а јас во обете раце држев патнички торби – во една книга, а во другата чиста облека.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
„Ноќва преку океанот во обете насоки летаат бомбардери по задача, и тие никогаш не ќе го видат копното.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога заѕвони шината и луѓето почнаа да застануваат во редици пред казаните таа, држејќи во обете шепи сливи што ги собра вчера, со растреперен чекор, со образи облеани во солзи, оди од жена до жена, од маж до маж и моли: - Земете, добри луѓе, каснете, каснете за душата на Ристо, син ми...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Горачинов ги крева веѓите и ги отскрива големите очи: во обете му игра по едно мало човече што личи на мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)