во (предл.) - седма (бр.)

Вечерта, додека вечераа под слабата светлина во одајчето Чана прво го искара Дончо дека иако има сила и снага на големо дете, не треба да заборава дека е во седмата и дека оваа есен ќе треба, заедно со Пела на Пелагија, да појдат на школо и таму, седејќи на кареклите, да го учат животот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Ти што дрвиш до нос си се закопал во седмата деценија.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Татко стапнуваше во седмата деценија од животот, а другарот Чапаев ја немаше поминато дури ни половината од овој живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И така направи. Кога веќе Толето навлезе во седмата година, Доста си ја закачи фурката, и вртејќи го вретеното на секои три четири чекори, слезе долно маало и му појде на Бина даскалот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)