во (предл.) - тие (зам.)

И, да признаам: и покрај болките и грдата несоница, па и неизвесноста во која се наоѓав, многупати ќе забележев дека ме водат чудни мисли; дека во тие ноќи во дворот на Басотови тонам и во необични соништа!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И токму во тие години, но и порано, се сопира природната и социјалната еволуција на детето, радикално му се сече потеклото, семејната врска, му се менува религијата од христијанска во муслиманска, се станува целосно зависен од Империјата, посебно од императорот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И кога велеше - белки ќе дојдат други времиња - јас во тие штури, навидум сиромашни зборови, гледам само бесконечно траење, а во бојата на гласот – триумф!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Длабоката потреба на песната да влезе внатре, во најдлабоките длабичини на битието, Озрачен (Од дална ѕвезда) Медоточен И По ро чен. е пораката што го длаби своето постоење во тие длабини и го оплодува неочекувано битието на суштината, битието на длабокиот дух осеменет од порокот на создавањето.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
- Значи, кажи зошто по вторпат му се крши колата на нашион пријател Герасим?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога ноќе, шепотејќи со дланка на уста молитви, ќе се сетел за таа глава, умирал; не можел да не мисли дека нејзиниот труп гние во призрачната куќа-кула чија чкртава врата непрекинато ја отворал и ја затворал лут северен предвесник на долга и тешка зима низ чии виулици ќе се тетерави безглава сенка на еден непокорен поет, оној што пеел помеѓу истрели за своите неродени деца и за нивната непозната мајка меѓу ѕвезди и сини пеперуги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можеше тоа, во тие времиња, ни да се замисли да се рече.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во тие изохипси на нејзиниот егзил, во сништата на другиот брег на егзилот, во трагичното минување на границите, беше впишана историјата на мајкиниот живот, по која не престанувам да трагам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И во тие очи за миг прочитав топлина и љубов, но и силна тага и бол.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Како спиеше? - Не прашувај. Пукнав од главата синоќа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И одеднаш ми текна. Па, да. Во тие времиња наш пријател престојувал тука во Прењес и пред заминување го посетивме и му кажавме каде ќе одиме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во тие мигови, силно чувствував дека ми останува во наследство, преку овие Таткови книги, во кои целосно, до крајот од својот живот, беше задлабочена и Мајка, да трагам по незавршената фуга на стогодишниот егзил на семејството, ми преостануваше разгатката на тивката тишина на поразот, во која беа супериорни Мајка и Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но во тие моменти, додека се бориме со несреќата – реков - нашиот поглед веќе е свртен кон спротивната страна. Кон среќата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Што шепотел килавиот Јаков во тие ноќи - Спиј, главо, со крст над чело? Или нешто друго со непознати зборови?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Симон во тие моменти не беше многу зборлив.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Замислете си, во тие јануарски денови кога Брехт барал да се прикажува претставата, властите да го исклучиле греењето, како на сцената,така и во салонот каде што била публиката.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Чувствуваше дека повеќе никогаш нема да ги види ниту бањите, ниту Виенските Шуми, и затоа во нашите разговори се сеќаваше на некогашните летувања, на она што се случувало тогаш и таму – збиднувањата со внуците, разговорите со Зигмунд, Роза, Марта и Мина, а потоа гласот одеднаш ѝ се менуваше, и само ќе речеше: „А ти во тие лета остануваше овде сама.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И тројцата браќа ги одликуваше изразита мудрост, такт, луѓе на рамнотежа во југословенската федерација и дипломатија, кои дадоа несомнен удел во тие времиња.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Некој арамии, некој ајдути тамо шо ги складирале, шо ги криеле некое време, во тиа времиња.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во тие денови, разбирливо, како жена, јас сѐ повеќе сеќавав за што станува збор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А и не верував дека во тие години не е мажена.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се обидуваше да среди нешто нејасно што го следеше во тие дни.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Има ли воопшто нешто во тие стереотипи или зад нив? ‌Токму зашто сметав дека вреди сите тие прашања да се сфатат сериозно, решив да држам предмет за тоа „како да се биде геј“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
94. Организираното револуционерно движење во Македонија има знатно подолга историја и започнува всушност уште во 60-тите години од XIX век, коешто изведе и масовни востанија (Разловечкото во 1876 и Кресненското во 1878 год.) што станаа одредници во новата македонска историја, но Мисирков има полно право кога образувањето на најмоќната организирана револуционерна сила во земјата – ТМОРО – ја поврзува непосредно со македонските интелектуалци што учествуваа во тие бегства од Македонија во Белград и во Софија и во акциите особено во Бугарија на самиот почеток на последната деценија од минатиот век.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во тие дни и ноќи, песовите со кренати муцки виеја и завиваа страотно, или `ржеа и копаа со шепите по земјата како по дира на едра лисица, како по реата на стара волчица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се разбира, Ти тешко го прифаќаш нејзиниот радикален став: дека не сака да се занимава со ништо што би можело да ја оддалечува од онаа бартовска суштина на Твојата литература.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во првобитните белешки кои грижливо ги препиша во Boite Verte, тој ја истакнува, иако несигурно, потребата за „конкретизирање на редимејд-от“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Може си е добро детено, не велам не е,- малку го ублажи гласот, - ама да внимаваш, да не ви снема нешто од дома, има и багабонти во тие домови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По доаѓањето на чело на ЦК на МРО, Гарванов не можел да дозволи толку авторитетни лица, коишто не само што ја претставувале Организацијата, туку во тие моменти ги зеле во свои раце и функциите на уапсениот ЦК, и всушност раководеле со неа, да останат на тоа место, и ги замениле.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Имаше и нешто друго што го водеше во тие размислувања, во тие нуркања во далечното минато на Гогов Валог.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во непознатиот крај низ кој минувам немаше населби и немаше обработена земја. Никаков знак на човечки живот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
За сите луѓе внесени во тајните како подобро да профитираат во тие црни и неизвесни времиња, овие занесени луѓе во патот на јагулите, во нивните виши цели, остануваа маргинални и неразбрани, неспособни да фатат вистинска пусија во расплетот на времињата што се вестеа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не можев да ги разберам, до доцна во мојот живот, сите причини за Татковата радост во тие мигови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дончо, кој во тие денови не проговори ни неколку збора со неа, со видлива љубомора ги проследуваше додека си одеа, а тој самиот од дворот заминуваше со последните деца, најчесто скокајќи преку оградата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Маклабас беше и пародија - но и критика - на некои аспекти на балканскиот човек, кој во тие времиња (а и ден денес) беше соочен со големи политички, социјални и културни проблеми.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Та сега, додека таа одеше онака кон шпоретот да ми свари кафе ми се виде цврстичка, некако јака во тие нозете иако прерасчекорени, а и во задникот не ми се виде лоша.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Постоеше пак една далечина, стоеше неначната и една исплашеност во тие околчави итри очи, јаренцето дури и истрча и се затскри зад сандакот со храната, но тој и сега можеше да го гледа опавчето, што продолжуваше да поигрува одвреме навреме и таму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Секоја сабота навечер го палеше кандилото пред Христовото распетие, таму, во дното на малата соба, се молеше за здравјето и за среќата на своето дете и се колнеше дека нема да го пушти синот да оди на печалба во тие проклети земји, макар тука и со корење да се храни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во тие зеници немаше ни зачуденост ни љубопитност, немаше ни бол.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Хабиб Бургиба во тие мигови метафорично својата положба ја споредувал со снажно стебло, преполно со плодови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На Балканот во тие времиња се заспиваше крај едни, а се будеше крај други граници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа беше исто како да го проголтна земјата, оној негов Брат, во тие години.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И така, баш во тие денови, решителни за моите чевли, јас истапив пред литерарната дружина првпат со една песна, ноќна по настроение, во која сека од четирите строфи завршуваше со рефренот: „Оздола идат сејмени”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ќе го изведев Ивана кај коритото преполнето со вода и сонце, и бев многу среќна дека може да ја види мајка си дотерана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Изворите на чинговата стилистика се наоѓани, главно, во тие два домена, во фолклорот и во говорниот јазик, меѓутоа филтерот кој ги прочистува тие две структури е извонредно многу ригорозен.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Воздушниот коридор Еден, на пример, не се викаше така во тие денови: се викаше Англија или Британија, иако Лондон, во тоа беше прилично сигурен, отсекогаш се викаше Лондон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ги гледав како се радуваат на смртта, на умирањето, на излеаната црвена крв.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И во тие книги заемно се плукаат, се валкаат, се клеветат, тврдејќи дека сите се криви освен нив и дека ако другите би правеле така, како што тој мисли сега, победата ќе била наша.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како да немав време во тие мигови да го почувствувам тој мајкин повик, пренесен во мисијата на една друга мајка, во едно друго време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Болен ли си, Оче Симеоне?“ На тоа најпросто прашање што го чу во тие дни не можеше да одговори.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Татко кој, во тие критични денови, се држеше настрана од козјото прашање, виде-невиде, собра храброст, успеа скришум да го размени златникот и да купи коза, а му останаа пари и за уште две кози.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во едно од попладнињата, откако ги изнесов столчињата на балконот и ја поткрепив мајка да седне на едно од нив, забележав дека на работ од балконот лежи мртва ластовица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Судбина... Во тие зборови немало ни победнички призвук на докажана мудрост ни разочараност; според неговото сфаќање, сѐ се движело по однапред определени простори со свои тајни и неизбежни законитости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стоеа... Се гледаа... Што ли се имаше во тие погледи, помешани солзи со среќа, воздишки, изненадување до бескрај...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Всушност, сѐ уште му се спротивставувал на стравот и се калел за дни во кои еднаш или повеќе од еднаш и самиот ќе стои под сенката на смртта и се сеќавал на суровите подбиви на некои од дружината со престарениот Симон Наконтик (така е, старецот престарел во тие дни), а пред тоа ги гледал шегаџиите како со насолзени клепки се молат пред манастирскиот олтар за мртвите, за Дмитар-Пејко, Неделко Шијак, Јане Крстин, Пеце Дановски, Борис Калпак и, секако, за запалениот Крум Арсов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Главниот збор го држат во тие расправи Соколе и Боце; Соколе како поучен, а Боце по својата природна склоност да противречи, потсилена уште од улогата на домаќин.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но, за среќа, имаше, во тие времиња, и храбри и решителни млади луѓе кои излегуваа од строгите унитарни партиски шеми. Меѓу нив беше и другарот Чапаев.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не може јунак да трае, ропство му тежи над глава, ни може мајка да гледа се в тија солзи крвави.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Сѐ почесто знаеше по цели часови да остане на прозорецот и да ги гледа снежинките, не мислејќи притоа на ништо друго, а потоа ја дофаќаше книгата со народни приказни и којзнае по кој пат се занесуваше во тие долги и познати творби, секогаш повтор откривајќи во нив по нешто ново, што не го знаел во таа книга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тие моменти не знаев дали е тоа комплимент или замерка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И така, во тие тефтери ја немаше само нашата болка, нашите солзи, осамата наша, чекањето децата да ни се вратат... и ние да се вратиме дома...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во тие неколку дни Силјан го испрошетал сето поле Прилепско и извидел секое долче и ритче.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Татко во тие моменти, колку и да беше Камилски субјективен и, според него, не во право, не сакаше да го прекине.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во неговите книги пишувани на различни писма, латинично, арапско, кирилско, хебрејско, на места откривав разлеана пепел, во необични облици, која некаде се слеваше во старите минијатури на еден Коран пишуван на рака, како своевидно надополнување, потврдување на неговото читање и постоење, неговото воскреснување во моите нови читања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Истовремено, со самото тоа што ја засака неа, па еве таа стана и мајка на неговото дете, значи дека тој не е опседнат со сето што се наоѓало во тие мрачни умови.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во тие моменти неговата потајна одбивност спрема Големиот Брат се претвораше во обожување и Големиот Брат изгледаше како да се извишува, непобедлив, бестрашен заштитник, исправен како карпа спроти ордите од Азија, а Голдштајн наспроти неговата изолираност, беспомошност и наспроти сомнежот што висеше и во врска со самото негово постоење, наликуваше на опасен вештер, способен со самата сила на својот глас да ја разори структурата на цивилизацијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За нив, според информациите со кои располагале, уште било дискутабилно прашањето дали во тој момент (средината на 1944 година) се појавила, во кој било вид, „намерна ‘комунизација’ на Балканот од страна на СССР“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тие мигови, Мајка зрачеше со срамежлива, притаена среќа, со сета светната добрина во нејзините очи, верувајќи дека и натаму е корисна со своето верување, особено кога беа во прашање нејзините чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ете ти, треба само добар теориски приод и класификаторски систем, а сѐ друго ќе биде како што треба, си се подбивав јас, храбрејќи се пред хаосот на предметите во тие часови.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во тие денови не едно од децата туку ќе се штрекне среде ноќ, туку ќе скокне од креветот, зар мислите се виѓаваше во каква жалосна состојба се наоѓа, - просто го тера нешто и тој летајќи излегува од спалната. Птица.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Х.Х. сигурно во тие мигови жалеше што не можеше да пребарува во моите мисли, да ја храни Централата со нови податоци за моите реакции, додека молчев загледан во линијата на хоризонтот која ја искривуваа белите облици на издадените бункери кои навистина ми се видоа како голем ѕид. Балкански ѕид.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се сеќавав во тие мигови на случајот на Мигел Унамуно, славниот ректор од Саламанка, кога на една слава во времето на фашизмот, на хистеричните повици на Франковите војници да живее смртта, со нему својствена храброст ќе истапи со познатите зборови дека има мигови кога молчењето може да биде лага, спротивставувајќи се на извиците за смртта со повиците за живот, во неговата осуда на фашизмот и франкизмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А моите малечки деца се искрадоа од дома и ете отидоа за да можат со отворени очи да гледаат во тие грозотии. Нели е страшно тоа!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но, душите им се разделија на раскрсницата на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Никому, се разбира, не му се исплатуваше, во тие гладни години, да ги држи одделно, само за ќефот на малкуте кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во тие мисли вратата се отвори и на неа се појави стара жена – Турчинка со бела коса, боса на влечки, во широки шалвари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тогаш, во тие времиња, тука најмногу страдаа старите, изнемоштените и болните, бебињата и малолетните деца.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Колку ме потсетуваше во тие моменти на Борко!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Овие размислувања на Moravec се релевантни за теоријата на уметничкото која е еминентно подрачје на сетилното и на досетливоста (размислувањето во слики).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кон среќата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А и страшно беше надвор, во тие долги зимски ноќи. Ти е страв да погледнеш, а не да излегуваш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во тие моменти, кога почитуваниот се наоѓа на судбоносното распаќе, (во дошепнувања со анѓелите, или, не дај боже со демонот) ние, неговите блиски, и тоа не по наша вина, изговараме многу слични, или речиси исти реченици.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Обично секоја дипломатска телеграма што ја испраќав во тие четири дипломатски години, ја оттргнував од мојата писателска вокација, се разбира без да ја смирам во себе, зашто тоа и не беше можно, ја сметав и како исклучителен тест кој подлежеше на сигурна проверка, а чии резултати многу ретко стигнуваа до мене.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во рамките на Цариградската Патријаршија постоеле и Охридската архиепископија и Пеќската патријаршија, чии верски водачи биле одговорни за православното население во тие епархии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И одеднаш ме зароби прашањето – дали тогаш, во тие години, кога тука нашите биле, имало православна црква среде италијанската воена база, а би требало да има католичка, или од некого е градена подоцна за спомен на тие кои тука битисувале?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Токму во тие денови, сосема неочекувано, на широчинката зад Монополот, се појави Дафина Кочкова.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога слезе од возот, Ване не појде со врволицата по перонот па низ холот да излезе од станицата за да продолжи по улиците на кои во тие утрински часови се среќаваа само луѓето што одеа на работа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Малото вовче кое сообраќаше на тесната железничка пруга од Струга до Скопје, во тие први повоени години, беше последната реликвија од тој вид на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Кога царот Ирод наредил да се исколат децата, - продолжи игуменот, - тогаш Евреите, одејќи од куќа во куќа, оставале бршленова гранка во секоја куќа каде што ќе заколеле дете за да не се навраќаат повторно во тие куќи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сета негова душа трепереше од возбуда и напрежение што побргу да се турне Арсланбеј да се напади аскерот од Витолишта за да отрча кон Прилеп, Битола, Лерин, Воден, Солун, па да му отиде и на султанот во Стамбол да го турне од столот, за да не му мириса веќе никогаш на турчовина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тие информации се истакнувал и потпишаниот договор меѓу Тито и отечественофронтовската Влада на Бугарија за вклучување на бугарските единци во операциите за ослободување на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Таа знаеше, беше длабоко убедена во тоа, дека Татко се внесуваше во некаква виша стратегиска цел од интерес за семејството во тие пресвртни времиња.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Најпогодно време за успешно изведување на операцијата, според британските планери, било зима или рана пролет бидејќи во тие годишни времиња поради непроодност на патиштата можела да се минимизира супериорноста на непријателската механизација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Не дека се тоа некои големи водје, во тие реките, туку зрачат со некоја страотност што заплашува со уништување.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И што не зашиваме во тие амајлии? Козина од мечка, мечка страв - мене не страв, нокте од штрк, корупка од желка, пепел од дрен. 128
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Многу ме зачуди, оти ние, жените, во тие долги борби и маршови, ја губевме менструацијата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не, драги Луан, пишувајќи Ти за овие неколку антологиски примери на допишување на уметниците и нивните трпеливи или емпатични поддржувачки (читателки, пријателки, сопатнички, собеседнички...), во ниту еден миг не ја заборавав Твојата Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Овие сокаци се живи само во утринските часови и во тие мигови тука е тешко разминувањето од луѓе и од коли.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А оние беа создадени за да тонат во она, што ги обземаше во својата бесповратна неумоливост, и тој беше фатен во тие шепи и никако не можеше да им се отскубне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тие точки на разлеана пепел по страниците, од некогашните занесни читања и заборавно сеење на пепелта од пушените цигари врз хартијата, можеше да се наслутат и трагите на неговото верување во повеќекратниот идентитет кој Балканците фатално го носат во себе, но којшто упорно го одрекуваат една или повеќе од неговите компоненти за да дојдат во конфликт првин со себеси, па потем и со другите...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тие предвечерни часови, по молитвата, таа повторно се чувствувала како ангел (во себе и за себе), просветлена, босилочна, темјанеста.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Барем во тие денови верував дека на сличен начин се изневеруваме себеси кога ја прикриваме вистината но и тогаш кога невистината ја прогласуваме за вистина само затоа зашто тоа го бараат од нас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таинственоста на уметничкото, коешто естетските теории (Adorno-вата и Hartman-овата) ја опишуваа како „повеќекратност”, херметичност, фиктивност и дереализирана појавност на уметничките ликови, се поврзува со комплексното сетилно осознавање, коешто „гледа” во тие делови повеќе отколку што може да се анализира со рационални, логички поставки.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но таа веруваше дека во книгите, можеби токму во тие книги, се крие нешто посвето, посудбинско за семејството, отколку во единствениот таков апарат за јуфки во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
При секое погледнување во тие белини, Богдан го обзема силна возбуда; по телото му врват благи трпки и му се искачуваат во главата; го чувствува движењето на крвта во него, а рачката од фанглата и мистријата му се навлажнуваат во рацете и потреперува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Или, зарем ако немало ништо, ќе ме прегрнеше тогаш, во фискултурната сала, под разбојот (макар и од бес да ме прегрнала); зарем ќе се согласеше да стоиме така пред сите, пред целиот клас, два долги мига, бескрајни секунди, лице во лице (носевите речиси ни се допираа); и зарем ќе ѝ речеше на својата најдобра другарка (која беше, за среќа и моја другарка, и како што бидува обично во тие младешки години – беше поштар меѓу нас двајцата), зарем, значи ќе ѝ речеше дека песната од први клас сѐ уште ја чува, и дека не прочитала ништо поубаво до сега од таа песна, ама дека не може да се согласи дека девојката опишана во песната е таа, оти таа, Луција, е лоша, грда, недостојна за таа песна; и зарем ќе ѝ речеше на таа девојка дека ја загрижува тоа што од првиот ден во првиот клас веќе не сум ѝ напишал песна, и дека не знае зошто е тоа така?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Амбиција, идеали, илузија. Сѐ беше испомешано во тие мигови, требаше што побрзо да се стигне до целта. Која цел? Каква цел? Чија цел?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Гетото има практична локација: поставено близу до железничката станица, ги брои сѐ помасовните транспорти со мажи, старци, деца, девојки, трудни жени, млади брачни парови земени неодамна во една, во тие околности неочекувана и чудна епидемија на свадби што се случуваат и по сто на ден, но и на болни, исцрпени, предсмртни и млади, здрави, полни со живот, очајни луѓе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Можам дури да потврдам дека тој гердан на вратот на Цвета Басотова во летните ноќи многу пати го имав видено населен со безброј ѕвезди!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Овој податок укажува на тоа дека црквичката во Дупка веќе уште тогаш, во тие одамнешни времиња, загубила на своето значење.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Свесни дека во тие повоени години лесно можеше да се стане роб на изговорените зборови, тие многу внимаваа кој ќе биде четвртиот партнер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ех, како им зборуваше, во тие часови кавалот на измачените аргати во туѓина, далеку од родните места...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Имаше потреба, не толку можеби да ми каже сѐ што е лошо во врска со семејството Поцо, колку дека ги знае минатите настани и луѓето што учествувале во тие настани; дека го знае почетокот на настаните и дека го знае нивниот крај; дека никој не знае подобро и повеќе од него. Тоа, впрочем, беше и точно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можеше во тие мигови да му ја довери нацијата на својот духовен брат Месади. Не можеше да замисли друг!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Велеше дека само господ го чувал во тие вратоломии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бев сигурен дека Татко, во тие мигови, длабоко во себе, со силите што му преостануваа, се мачеше да ги задржи солзите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Холанд покажува како јазовите и стапиците отворени од овој атомистички индивидуализам создаваат внатрешни проблеми на кохеренција коишто се нерешливи во тие рамки (пр., Локовото некохерентно објаснување на супстанцијата, проблемот на солипсизмот, итн.) како и дека ги исклучуваат жените и го легитимираат ова исклучување на суптилни а понекогаш и на несуптилни начини.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И долгогодишната кореспонденција помеѓу Гете (Goethe) и вајмарската дама Шарлота фон Штајн (Charlotte von Stein), мажена госпоѓа со седум деца, ја доживеала својата драмска транспозиција: пред некои триесетина години германскиот драматичар Петер Хакс (Peter Hacks) напишал успешна монодрама со долг наслов Разговор во куќата Штајн за отсутниот господин Гете, која со голем успех се изведувала на многубројни европски сцени; во тие години на подем на таканареченото женско писмо, актерките просто уживале да ги екранизираат пустите машки мани на големиот светски класик...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Навистина беше пролет, Иван беше веќе проодил, а јас секој ден се преоблекував во тие три фустани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во тие години, лимони не можеа да се најдат ни за лек.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Како што течеше тоа време во тие барутни години кога шверцував. Без утре, без вчера...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Татко ми од Мелбурн, додека беше уште жив, како што се бевме договориле, ми испрати една сума пари во бренчот на Сити банк во овој град (во нашите банки во тие години немавме доверба откога милионски суми на штедачите им пропаднаа) и јас, бидејќи веќе планирав да патувам во Измир, реков дека и така ќе поминам во Истанбул и ќе ги земам парите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во СОЕ многу порано, отколку воените планери, го увиделе значењето на движењето на отпорот и народноослободителните движења и настојувале со сите можни сили да се инфилтрираат во тие движења и да ги помогнат колку што можат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
„Од утре да си сакаш друг бригадир за твојата градежна бригада, чу?!“, со растреперени вилици и како да се наоѓаш под урнатините на твоето најскапо здание, што некогаш си го градел, а тоа сега се уриваше врз тебе, врз твоите раменици, те треснуваше по твоето чело, те толчеше по рацете, по лицето, в очи а, нозете ти беа тешки, како потонати и натрупани до над колениците во тие урнатини.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Џабе учиш средно музичко, како мислиш да продолжиш на Музичка академија кога сериозната музика не те интересира, туку сè овие твоиве турбофолкериве? Не е во право.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во лудилото се раскинува врската меѓу Јас и реалноста, и Јас создава своја не-реалност под влијание на бранувањата на своето несвесно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Проаѓале низ миговите на движењето велможи и гладници, татковци на татковците што доаѓале, и ашлачки се клештеле задоволни од тоа што се без страв за синовите, внуците правнуците и правнуците на тие правнуци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мажот во тие бракови ја задржувал својата вера, а жената својата, додека машките деца ја следеле татковата вера, а девојчињата мајчината...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А скоро сите беа во тие години, само што запупулеле.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Иако во тие денови помислував дека сум имун на магиите и дека не дружам со потсвеста, сепак не ја исклучував можноста дека нешто ме има придвижувано кон постариот пријател и низ такви простори.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако воопшто постои надеж, таа мора да е во проловите, зашто само таму, во тие раздвижени, запоставени маси - 85 отсто од населението на Океанија - може да биде генерирана сила за уништување на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дали во тие мигови на малата дипломатска авантура не бев и јас обземен од амбицијата на власта, кога бев сведок на крајот на власта на сенилниот деспот и почетокот на новата власт.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оние што имале прилика да ги гледаат на дело, како со часови дењеноќе се бакрачат со бојата, раскажуваат дека во тие часови лудите се однесувале сосема нормално, човечки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тврдат педесет години која била султанија на еден од твоите ни дедовци и прадедовци и дека во тие фермани и берати пишувало дека тој крај од големата наша царштина бил подарен од некоја ѓаурка Мара пред сто-сто и педесет години која била султанија на еден од твоите прадедовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во времето кога и обајцата беа на маргините на новата држава, во која бавно и тешко фаќаа корен научните, образовните и културните институции, обајцата нескротливи идеалисти, но надарени со длабока и изворна хуманост, која ретко се сретнува во тие времиња, пресечени во залетот од бирократизираните и кариеристички ориентирани млади кадри, со партиски амин, тие си ја доградуваа нивната нова среќна балканвавилонска тврдина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но еден здив беше во тие раце, една придушена детска смеа, една недовршена игра, пресечена од тежок камион.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Уште пред да изгрее сонцето, со прв писок на некоја птица и со ослободување на зеленилото од темна сивотија, последните стражари, Јордан Шоп и Куно Бунгур, се спуштиле бледи и со набабрени очи од блага височина од која можело да се надгледува околината и ги разбудиле луѓето да побрзаат да се измијат доколку најдат поток и да ги спрегнат говедата што по она малку сено, проџвакано во тие први дни од враќањето, стоеле на своите места со покорно обесени глави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Реков дека пишувам песни, одлично вежбам на разбој и дека свирам саксофон (младите во тие години мислат дека се сестрани) и дека од тие три нешта ќе изберам едно за моја професија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Изгореа луѓето, изгоре стоката. Во тие години две убиства се случија за бразда вода.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Доктор Гете понекогаш ни дозволуваше да влеземе во тие соби во кои луѓето лежеа не поместувајќи се или пак претаа – гледавме во тие замислени глави, избезумени глави, ужаснати глави, престрашени глави; тие гледаа во нас со своите уморни очи, со своите празни очи, со своите очи полни страв, вошит, безумна радост, беспричинска омраза и беспричинска љубов, очи полни со гадење и сласт; ги стискаа усните во молчење, ги испакнуваа во чудење, пропуштаа низ нив по некој едвај чуен збор, благословуваа или се закануваа, крикнуваа во болка и радост. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нема зошто утре да го губиме денот. Цветот на ноќта се затворил ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тие мигови метрото им личеше на голема читалница на подвижна библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само во тие часови, кога му беше најтешко само тогај го земаше Јаким својот кавал и свиреше...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не се уморени, и ако заспијат сонот им е плиток: на секое лавнување на кучињата се разбудуваат, се превртуваат и поткашлуваат. Сѐ се слуша во тие зимски ноќи. 32
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дека во тие три месеци не смее да се гледа, ниту да разговара со мене; и дека во тие три месеци треба да состави комплетно досие за сите досегашни контакти со мене и да им достави сѐ што до сега во писмена форма сум ѝ предал.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Знам дека може да ви изгледа чудно - реков - но при сегашнава раздалеченост од сите тие разговори можам да тврдам дека средбите со замислените татковци не се остворуваа само во тие случаи кога не ќе го совладавма пределот на она магливо заскитано време што секогаш талкаше помеѓу мене и нив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој поглед во кој е измешана есенцијата на љубовта и страста вечно ќе пламни во тие горди очи кои горат во крвавиот залез на недопрениот хоризонт кој ги поврзува небото и морето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во тие подготовки вложувал сега повеќе труд и пари, покрај другото и заради потребата да го покрие колку што е можно поуспешно таканаречениот случај „Прислужничка“ и за да се претстави како човек, не само на добри намери, туку и на голема саможртва.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не фолираше во тоа одредено време на месечевото движење и раѓањето на невидливите призраци и страшила во тие летни, запарни ноќи, кога неговото далечно детство со глувчешки скокови го прерипуваше подот на скоро празната соба заградена со жици на нејасен страв, тој недозволен грев роден од сенките и мрзнењето на светлоста.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во тие бездни што не се внесени на ниедна мапа, каде не стасува ниту појот на птиците ниту човечкиот глас, и балонот молчеше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Околу Езерото на Преспа - така го нарекле во тие дамнешни времиња - имало доста плодна земја за бавчи и нивчиња.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Помачно ќе може да се реши прашањето во тие места каде што има: 1. патријаршисти Арнаути, 2. патријаршисти Власи, 3. патријаршисти Словени, 4. Словени муслимани и 5. егзархисти Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Навистина, Ќосото беше стално крај него, но во тие моменти тоа беше само негов најверен и најхрабар четник и другар, и ништо повеќе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тие маала во кои и јас сум израснала, се меша мирисот на времињата и на просторите, јадењата што мајките на нашите прабаби ги понеле од Иберија со аромите и рецептите донесени од Турција, од Стамбол и од Солун и од богатите мисирски пазаришта на бахари и на друго зајре што доаѓа од различни места на Блискиот Исток.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во тие такви денови најзафатен е волшебникот Желбонско.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Да, се случуваше нешто слично барем по однос на она што е кажано во тие редови: „Минав три чудни денови: морето, плажата, патиштата, ми носеа сеќавања од други времиња.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во тој контекст, неделното илустрирано списание "Нејшн", во коментарот во врска со постигнатиот договор во Крајова, ќе истакне дека "Титовото решение за македонското прашање, ... ќе ѝ даде на Македонија еднаков статус со Хрватска и Србија во федеративната заедница" и "ќе биде основа за елиминирање на натамошните недоразбирања меѓу Југославија и Бугарија и ќе може да отвори пат кон федерацијата".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тие мигови, гледајќи го загрижено нејзиното лице, тој беше уверен дека таа презела сѐ за решавање на проблемот што најчесто го измачуваше сето семејство, па сега узреало времето за одлука.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Само една огромна, до болка раззината ужасна глад, во тие испрекрстени писоци, пред кои се отвораше и молкнуваше целата Долина, сета ноќ, сиот свет, престорувајќи се во некаква бездна празнина, што не можеше дури ни да се одзвие, ни да одекне, ни да одѕвони.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тие денови на младоста, кога смртта беше толку далеку, времето не беше време, а староста беше само оддалечен ехо од некоја спилја.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во тие часови немаше разбирање за Ивана и не беше таков каков што мислеше дека е.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Знам дека во тие моменти јас ништо не исполнував освен што те празнев, јас бев резерва, јас бев сува храна од која, по оброкот што завршуваше необично брзо, по чаршафите остануваа мали, невидливи вирчиња од кои се испаруваше мирис на пот и одвратни парфеми.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таму, наизглед главниот лик во тие вицови, самиот Херцеговец, всушност воопшто и не излегува на сцена. Нималку случајно.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ќе помине. Нека го одведе Рајна кај Матковица. Таа се разбира во тие работи.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Господата Матов и Татарчев доаѓаат и покрај нас се препорачуваат за благоразумни, а нас нѐ прогласуваат за крајни и со тоа надуено нѐ отстрануваат божем како меродавни фактори во тие борби и се поставуваат себеси за такви фактори.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ако застанеш на трапезот и мислиш на техниката со која треба да полеташ кон упатениот трапез од другата страна, ти си готов; услов да преживееш беше да ја заборавиш техниката, а таа пак, во тие моменти, кога ја забораваш, функционира беспрекорно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тие бујни побелени коси се криеја големите архиви на балканската историја на нашето семејство во егзил, на илјадагодишното страдање на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Притоа несфатливо грд ми се чинеше и навидум соблазнителниот предлог на Грофот, дека разбраниот и истинољубив автор, ќе си обезбеди ослободување од евентуалните обвиненија ако пројави спремност да соработува во расчистувањето на проблемите што се обидува иследникот да ги разреши.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во тие два тона младата мајка внесуваше некоја чудна радост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во тие пијани ноќи тоа навредуваше; тогаш излегов од себе како полжавни бев исто толку непријатен од самосожалување и од замрачена свест.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во тие неизвесни времиња, кога сѐ можеше да се измени, да се измеша, како ова мигум наоблачено време на планината, кога лесно можеше да се фрли и да зарти семето на раздорот во заедничката душа на луѓето, да дојде директива од „другото небо”, па сѐ да измени, да зацрни, белата зрачна ведрина на Чанга им остануваше како последна надеж на луѓето...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Има нешто особено привлечно во тие чиновнички деца, како да се растени во еден свет поубав од нашиов, нешто бело и сладосно топло, како што е бел, топол и мек лебот што го јадат чиновниците.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Жената беше смирена. Ова не беше прв пат во тие тешки денови, кога се бореше да го спаси патот на јагулите, да го гледа како зборува на сон.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Имено, според нив, требало да се прави недвосмислена разлика меѓу терминот „комунизација на Балканот“ и терминот „ширење на руското влијание во тие земји“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А којзнае дали и јас самиот си се разбирав во тие мигови, понесен од необјаснивата амбиција која ме водеше кон целта, без да ја сообразам со условите, одбраниот пат кој водеше кон нејзината реализација, последиците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тие јасни пролетни дни, на поручек, нашиот скаутски вод „Елен”, составен од седум души, се упатуваше на практична обука в поле.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И губејќи се самиот себе меѓу забрзаните луѓе, побрза да се најде во првата крчма, таму под мостот, под кој почнаа да се изнуркуваат и по ден призраците што се влечеа во тие ноќи по него.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Март е, пролет, време кога на календарите се бележи времето и празниците посветени на радоста и на обновата на природата, а не време за замолк, не време на смрт...  Во главата (што му е?) непрекинато му одѕвонува тажното мане изведувано на ут од сефардската песна „Примавера ен Салонико”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
ЈОРДАН: Од година на година се повеќе ги има...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Не сакам веќе никој дури ни да помисли да слегува долу, во тие проклети одаи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тие денови се прекина наставата и сите слични нешта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во тие солзи Томо го прочита сето нејзино каење. Нејзината младешка незрелост и избрзаност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Почувствува како главата му се движи од лево на десно и од десно на лево мошне полека, како што сѐ друго се случуваше во тие мигови.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кого и да запрашаше човек во тие години, мајка или татко, колку деца има, ќе речеше четири, две момчиња и две кози, или три, две машки и една коза...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во тие белешки ја потцртува важноста на постапката којашто ќе ја обедини идејата на случајноста и идејата за појавата, кои речиси претставуваат општи идеи во неговото размислување како целина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се избезумија од тоа, и тој, и Претседателот, иако тоа беше само мимолетна едвај забележлива повенатост и зимурливост со боја на смил во тие старечки црти.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Подоцна се запознав и со третиот брат, амбасадорот Фаик Диздаревиќ, кој беше амбасадор во Алжир, а подоцна и во Шпанија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го плени кристалната длабока искреност која, сигурно, не можеше да ја сретне кај други во тие повоени времиња, кога не беше стивнала воинствената инерција кај луѓето, а најмалку кај револуционерните кадри.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тогаш кога Симон ми зборуваше за стрелањето што го извршил Борко и дека тој го потопил Долнец, не заради некаква полза за земјоделието и за напредок на земјата, туку за да се спаси ако може себе си од тешкиот товар на злосторот, да го скрие и да оневозможи тој злостор да излезе на видело, во тие моменти на повреденост и изгубеност кога се вртев наоколу и по својата глава барав со кого би можела да зборувам, до телефонот го забележав името и бројот на Владе историчарот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Само ова со кичот, малку претерува. - Како можеш – му вели на Саше – толку да далдисуваш во тие песни, а некој музичар си ми бил!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Што има толку интересно во тие манастирски книги? Ќе побудалиш од читање.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не се молел. Им нудел на коските дел топлина од својата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можеби тие биле векови во кои зборот сомневање не ѝ бил познат на крвта, можеби во тие верувања крвта го познавала само себичниот збор денес.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Верувам само во тие раце и таа топла прегратка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сѐ, токму сѐ, во тие мигови ѝ замириса на радост и среќа. Надежта и вербата стоеја на дофат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега беа дојдени и гробот беше единственото нешто, што се црнееше со раскопаната расквасена земја во таа бескрајна белина наоколу, во тие снегови, во таа загиначка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеби измислува, но вели: „Сѐ има во тие шарки од сенки.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но, полека, во тие непрекинати разговори во вечерите, пред Змејка почна да открива еден сосема нов свет, што за сето време дотогаш му останувал скриен под самата поврвнина на сето она, што тој го знаеше како неменливо и како од бога дадено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А во тие прилики најважен фактор бевме ние.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Она што се случувало во минатото го исклучува вметнувањето нови учесници во тие случувања, ми објаснуваше Пачев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во тие зборови нема злорадост како што ја нема ни во зборовите на слепиот иако тие имаат јасна смисла.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Откога се починале и се понајале, си летнале пак и си дошле во тие земји кај што си имале седела, та секој си тргнал во својот вилает, а Силјан со Аџијата и друзи се упатиле за кај Прилеп.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Козите, како и за многу други мајки, во тие времиња беа сметани не само за спасителки на луѓето туку и за вистински светици.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Често гледаш во тие пролетни дни - излегува малата колона од интернатската врата, свива покрај градските гробишта и за малку ете ја во слободниот простор на полето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во тие мигови ме обземаше очај, во толкава мера што ми доаѓаше да се вратам, да го заобиколам Шумшул –град и да се стрчнам кон Пупипафија, во која, речиси до вчера, живеев безгрижно.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Се сеќавав во тие мигови дека ова прашање, додека бевме заедно, често си го поставувавме изземајќи се самите себе од можноста да завршиме во мрежата која од ден во ден стануваше сѐ погуста од случајни или намерни учесници во играта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сакаше да се грчи во тие крчми, да ослепува од ракија, не, да стане вид само за едно - за Јана, таа неврат со златна пена коса зад малите уши.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ќе прелетаат тие некаде над селото, по небото кое зачадените оџаци го потпираат со високи столбови синкав чад, ќе го чуе и старо и младо, па ќе почнат оние познати разговори за некогашните зими, за случките во тие зими, а децата разгртаа двојни уши и слушаа, слушаа, сонувајќи го снегот што беше во разговорите на возрасните, во крикот на жеравите и во мирисот на студениот воздух.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мајка, во тие години, на возраста на која веќе можеше да добие виза за да патува во Албанија, дојде на брегот крај манастирот за да запали свеќа и да се подготви за враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Народ кој во тие мрачни времиња го запалил факелот на праведноста и културата, сепак не можел да биде толку ступиден во својот секојдневен говор и мислење...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во тие денови било обичај жените на ѕидарите да им го однесат ручекот на своите сопрузи на работа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Главно, сите се прехранија покрај попот во тие гладни години. А причината за сите тие блиски односи беше пак таа старата: Анѓа да биде попова снаа. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Урламе внесувајќи се во тие мртви лица.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Знам дека моите објаснувања не нудат многу.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да провериш што се крие во тие записи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со време, откривме уште една причина зошто Мајка не прифаќаше да ја напушти својата куќа и да живее со едно од своите деца, како што беше вообичаено речиси секаде, во тие времиња на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овие анонимни приврзаници на нивното дело, впрочем и ја спасија колекцијата на примероците од драгоцената флора и фауна на Езерото, во тие тешки времиња, кога за збор глава се губеше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во таа збрлавеност се случуваа и грешки; се случуваше - по грешка некој од мажите да преспие кај туѓа жена, а некоја жена кај некој туѓ маж; се случуваше да се родат копилиња, да зашета некоја жена со искасани образи, но луѓето во тие мигови - сѐ си простуваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тоа бил првиот најважен услов што треба да се исполни ако сум посакувал мојата приказна да не ја пречекори вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Она што возбудуваше во целата таа работа (а јас подоцна го најдов во една француска книга на еден познат антрополог, што ја купив во Париз, при едно гостување на циркусот), е што партијата на Луција нѐ врати назад, на едно порано еволутивно општествено скалило: во добата на примитивните, со транс и еуфорија опседнати општества, таканаречени дар-мар општества, каде основни форми на општествената комуникација се маската и трансот; пред тоа живеевме во таканаречено општество со книговодство, во кои мимикријата, маскирањето и занесот исчезнуваат (затоа комунизмот беше помалку жив, одвратно немагичен и црно-бел по однос на општеството што го градеше партијата на Луција) и се повлекуваат пред компромисот меѓу наследството и способноста, кои се два основни фактора што ја определуваат иднината на единката во тие општества.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше во тие тешки сталински денови, кога со интелектуалците лесно можеше да се пресмета штотуку создадената работничка класа со неуките, ограничени секретари на чело, една тивка, ненаметлива, но сеприсутна солидарност од сите страни со Игора Лозински, со неговото дело и со мисијата на Цветана Горски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ете, и на мене ми се насмејна среќата, тука, зад фабриката, во тиа куќарките!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Откако Камилски го запозна Татко во Државниот архив, тој си најде мелем за ранетата душа во тие години на недоверба, сомневања, денунции, кодошења од секако вид, од кои од една и му ја изгоре душата, завршувајќи во Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Некои војници во тие пијанства ќе ја грабнат пушката и ќе излетаат од окопата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нема сомнение дека најлесно тој ќе го реши прашањето за јазикот во училиштето и во месната управа во тие места каде што живеат патријаршисти со грчки јазик, Арнаути муслимани и католици и Турци муслимани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Стиснати се гнетевме еден до друг во тие камиони што нѐ однесоа во тој град што го викаат Дуреси.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Набрзо по рум-милетот биле признаени ерменскиот милет и еврејскиот милет...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во тие моменти мислев дека сѐ може да се реши со разговор. Сѐ правевме заедно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не зашто бил начнат од сакагија туку зашто можел да биде симбол на сите надежи во тие дни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Помислив и на обвинувањата на кумановката Николина Кралева а потоа и на првите обвинувања, што ѝ биле упатени и на тетка Боса; поточно помислив на нејзиното писмо што го примив во тие денови.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Толе ги изгледа од пети до глава извалканите орачи, им ги виде испуканите усти од солта, пиперта и ветерот, им ги виде босите искрвавени нозе, голите изгорени раменици под искинатите кошули, козинавите црни градници и белите глави, полни со земја и му стана чудно од каде во тие робови насмевка?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во тие мигови на безизлез, да имаше малку пеницилин или некој друг антибиотик, подруга ќе беше судбината на нашето семејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше и едно заскитано крајче од мислата за тврдата удина, што можеше да му ја донесе оној самјак вчера, просто го имаше нејзиниот вкус, кога ќе се испече едно доста големо крваво парче, делнато од неа и посолено, веднаш на жарот, така што солта да потплуснува додека го печеш, но сега веќе немаше сили, а ни желба, за да продолжи да се губи во тие сонувања и глодања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Прво што сторив во тие мигови, се упатив кон телефонот да се јавам во земјата, во амбасадата. Телефонските врски беа прекинати.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Навидум исклучив сѐ друго, и луѓето и светот, но знам дека тоа беше така затоа што тие луѓе и тој свет беа премногу, на подзатскриен начин, присутни во тие мисли.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имаме значи предочување на персонажа што персонифицира профил од балканската почва, во која се втиснати бројни тајни на страдањето: „...во тие бујни, побелени коси се криеја големите архиви на балканската историја на нашето семејство во егзил” – бележи авторот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)