во (предл.) - чијшто (зам.)

Тоа биле најстрашни пљачкашки банди, во чијшто праксис првиот закон бил: нема преживеани.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Следбениците и водачите на движењата, коишто бучно бараат признавање на своите барања за идентитет, мораат да допуштат дека разликите во чиешто име се борат се толку фундаментални и битни за нивните животи како поединци што тие се спремни, во случај на потреба, да излезат за нив на улици и барикади.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ова му оди во прилог на оној дизајн во чијшто домен се сликовитоста и имагинацијата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Му зборувам за моите слатки шест месеци поминати во Рим, вечниот град во чиишто катакомби има траги и од моите македонски корени...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Додека стоеше крај дирата, загледан во прекрасниот ден за лов, во чијашто мека виделина дрвјата беа огромни, воздушести и бели, и во кој владееше една прекрасна тишина под млечнобелото зрачење на небото, Змејко, и не мислејќи на тоа, си ги исцрни со неколку јагленчиња од кибритот своите подочници, а после, кога очите можеа слободно да гледаат по таа светната белина наоколу, тој мирно ја допушти својата цигара, - една од ретките цигари, што ги палеше само при некој свој празник, - а потем го настега магацинот од својата долга француска пушка со фишеци, ги престегна опинците и замина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па и разликите меѓу самите папоци: помеѓу оние коишто човек некогаш одамна возбудено ги бакнал во знак на запознавање и од кои сега мора нежно да се прости со бакнеж и оние во чијшто само помалку-повеќе невин изглед човекот уживал, во живо или на фотографии, на плажи или филмски екрани или на средните страници на „Плејбој” или во новин­ските реклами за долни алишта - не заборавајќи ги, во категоријата „еј, здраво”, милите папоци на своите деца, сеедно дали тие (папоците) се свр­тени навнатре или нанадвор, пред децата да го достигнат она доба на протест поради родителското папкољубие.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Разбирливо е како идиотизмот, според оваа прва определба, се однесува на модерната во уметноста, на оваа традиција на прекин во чиишто рамки стратегијата на новото се покажува како потребна и доволна.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И иако ништо крволочно не беше имплицирано во бледите преливи со светлина на боја на лаванда во чиешто прикажување сликарката на „Баричката роса“ толку уживаше едно августовско утро, тој поглед насочен од нивната тераса кон соседната куќа, во која - една вечер откако сликата беше завршена, можеби додека уметничката и нејзиниот сопруг ги посматрале метеорите од својата тераса - младата разведена мајка на две деца ја врзал, силувал и пљачкосал по зло прочуениот „Изолирбанд силувач“ од Вилмингтон и околијата, кој и понатаму е на слобода.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А за барем бегло да оцртаме една нијанса на “феноменот на постмодернизмот” (нам сèуште близок и во чијшто знак се трите раскази) ќе цитираме едно делче од првиот и најпознат роман на Бартелми, Снежана (1967): Веројатно сте запознаени со фактот дека производството на ѓубре во оваа земја е пораснато, по глава на жител, од 2.7 фунти дневно во 1920 г. на 4.5 фунти во 1965...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се придвижија кон реката во чијашто близина имаше многу песок.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
“ Во тој миг една избербатена Циганка, прекриена со кирливи излитени алишта, се приближи до масата каде што седеа двајцата мажи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш и зениците се разводниле и им направиле место на двете дупки во чиешто дно се наѕирала смртта, ама младите боски останале негибнати и цели две години, наутро, напладне и навечер, продолжувало чудесното течење, додека детето само не се одбило од цицка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
“антропоморфни” пејсажи, пејсажите што се претвораат во човечки лик.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На една од тие слики гледаме пејсаж во чијашто средина okno.mk 217 се наоѓа мост, а зад тој шумовит брег - лице на џин.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За поддршка на оваа Декларација на Еволуцијата, со силна верба во заштитата на Божјата Провиденција и спокојна доверба во генерациите што доаѓаат, во чиешто име зборуваме, ние сега меѓусебно си ги доверуваме едни на други нашите животи, нашите Радости, и нашата Света чест. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 65
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но тоа е само сличност, бидејќи типично борхесовскиот расказ не цела толку - како во конвенционалната проза - да фати “цртичка од животот”, колку да предложи нешто од аргументум тхеологицум или пхилосопхус.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој не зборува за имагинарната иднина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тимоти Лири РАЗГОВОР СО ВИЛИЈАМ ГИБСОН ТЛ: Кога би можел да го ставиш Неуроромансер во една реченица, како би го опишал? ВГ: Она што за мене е најважно е дека во него станува збор за сегашноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Па сепак, тоа се раскази, заплети во чијшто след на настани и во меѓусебните односи на ликовите е пренесено нешто налик на животот што ни е познат од секојдневието.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оваа стратегија настана од убедувањето дека „изумите на филозофијата не се ништо помалку фантастични од изумите на уметноста“, и од неотповикливото гадење спрема книжевниот реализам кој често се поистоветува со баналноста, со предвидливите, па дури и со здодевните страни на животот. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 213
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Исто така настана од Борхесовото согледување на сопствениот живот како живот во кој немало никаква драма вредна за бележење или коментирање, барем не за потребите на прозата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)