во (предл.) - акварел (имн.)

Момчето Момчило ѕирка од чашката на афионот. Петгодишниот Момчило, кој се задуши јадејќи цвеќе.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Беше тоа денот на првата изложба на најстарата внука, во акварел техника.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Со сето свое битие посака да е таму, во тој прекрасен пејсаж, да, така велеше професорот по ликовно: - Пејсажот треба да го почувствувате, па дури потоа треба да го излеете во акварел...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тогаш помислувам, без страв – ова зловолно куче, еднодневното цвеќе, дождот налик на слаб туш што можете да го затворите со едно завртување на славината, работната куќичка на Фиона, Колсил, дали тоа се случува тука, со мене, или пак надвор од мене, во акварел наречен „Алергична кашлица“?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)