во (предл.) - ан (имн.)

И навистина во анчето на сина му Трајко седи дедот Петко, си го чури лулето и шеретува со неколку старци. Зашто ќе зборуваат Мариовци, ако не за жени?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа сеа кога ги видоа во анот потковичаните и над сите нив извишен Лазора, и едните и другите, и дружината Хаџи Ташкува и Арнаутите, прв Хаџи Ташку, навалија на Лазора да се согласи да се збори со Иса.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, кутриот, сиот онемен и сиот пожолтен, не од страв од борење со Иса, беше сигурен дека нема, не се родил човек кој не може да биде кутнат од него, туку од еден сон што го сонуваше ноќта помеѓу средата и четвртокот (тогаш, во сонот, од една џган, од сите вери и раси, насобрани на една непозната ледина се зададоа две црни кучиња и едното еднаш го укаса долу во слабината, а другото двапати горе за левата плешка, а од песните и од кажувањата на стари се знае дека ако те укаса на сон црно куче, значи те укасал душман, поправо те укасал нож или куршум од рака на душманот) само гледаше во Максима и затоа се почувствува многу олеснето кога тој рече Не сме дошле да правиме борачки, Хаџи Ташку; имаме да свршиме многу работи а една и со тебе, да се измириме, но првин да ја свршиме оваа со Мустафа ефенди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Гавазот на портата ги задржа, но Мито му тутна во раката една бела меџудија и овој, како стар и чест посетител, ги пушти, та веднаш се најдоа пред вратата на конзулот Ростовски.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Изрипа патникот, влезе во анот и за минута две излезе заедно со самиот анџија Мита и со брзи чекори двајцата тргнаа кон саатот; за час се најдоа пред двата конака на свети Димитрија — грчко маало, каде на едниот пишуваше: „Рускии конзулат“ а на другиот: „Consulato de L'ltalia".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Никој во анот не знаеше што редеше Панде.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не мина многу време и во анот загрме чалгијата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ни рибарот Бакал што пристигна пред малку во анот, да јави дека е готов чунот со ќошкот, ни тој не знаеше кого ќе шета денес по езерото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Минувајќи низ Камениот мост од западниот кон источниот дел на градот, во потрага по турските заемки задржани уште во живот, Татко и Камилски се движеа со бавен ритам, за разлика од луѓето со забрзани чекори од обете страни на мостот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко и Камилски, секој на свој начин, и според свои мотиви, беа обземени од мистериите на османското време, задржани и скриени, присутни во мирисот и здивот на вековите заборавени во џамиите и вакафите (битолските кадиски записи), во шепотот на водата на шадрваните, во ехото на исчезнатото време во ановите, во звуците на чаршијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Чакарвелика се печеше овде на сонце и се плашеше од зимата кога ќе треба да се прибере во анот усрамено да го слуша кркањето на вратите и душемињата дури во мозокот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
По дворот околу неа кокошките го оптеретуваа ѓубрето што не беше исчистено откако кацна фронтот горе на Пелистер и во анот муштерии навраќаа од новина на погибел.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога завршија со дворот, влегоа во анот, од таванот почнаа, во готварницата се собраа да ручаат заедно со Чакарвелика. Тука таа изваде баурче со ракија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во ановите каде што свраќаа, секој од нив имаше по некоја средба со кирајџиите патници, а тие секогаш расправаа по нешто интересно од згодите по долгите патишта.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А мажот вели: - Ти за тоа не грижи се. Таму е братучедот Орде. Во анот негов ќе остане.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ајде да одиме во анот. Ми се спие.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Сношти спиев во анот од онаа страна на мостот. Тие ме избркаа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- А вие? - Во анот. Потопло е. Дојди со нас.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Им турија сено и слама на коњите, го затворија авурот, ја заклучија вратата и отидоа во анот да ги сушат мокрите алишта на огништето.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од привремените бараки на брдата војниците се преселија во ановите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И во анот на Дуковите, спроти нас, се всели цела една единица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)