во (предл.) - архитектура (имн.)

Постмодернизмот како правец, во архитектурата и ликовната уметност, го именуваше Чарлс Џенкс, задржувајќи го својот естетички опис некаде во озрачјето на поимот неокласицизам.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Овој процес може да се види и во архитектурата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Букурештанските архитекти како да го положиле тука својот најтежок испит: успеале совршено да го вклопат старото и новото во архитектурата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сепак, победило новото и современото во архитектурата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тука дошло до израз најмодерното во архитектурата на Запад, а можеби и во светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најмонуметално будимпештанското здание е Парламентот, кој се протега на стотина метри покрај Дунав и претставува круна на ова што е најубаво во архитектурата на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Лајпциг е историски град, полн со споменици, со многу старини, град во кој можеби најмногу е изразен барокот во архитектурата на многубројните цркви, и секоја од нив претставува само вистинско ремек-део, а на градот, со својата посавеност и со извишените кубиња со кои го сечат небото, му даваат впечатливо убав белег.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Социјалните утопии врзани за градот, од Платон до Леонардо и Кампанела, или визиите придвижени од урбанистичките мотиви, каква што е Албертиевата, не можат да ја разрешат основната разлика на мислењето во архитектурата и во идеологијата - којашто во дваесеттиот век ја потврди судбината и на тнр. модерно движење, на Гропиус и Корбизие.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тесауро, на пример, мисли дека на ова стилистичко средство во архитектурата му соодветствува илузионистичката перспектива која се препознава и во сликата на Пармиџанино.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во една неодамнешна студија за развојната улога што ја одиграле старогрчките математичари со цел да се постигне „предност во војна“, John Onians го разгледува вградувањето на милитаризираната свест во Западната културна продукција.9
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој забележува симултана зависност од математичката хармонија, пропорциите и редот во старогрчката ‘уметност на војување’ како и во уметноста и архитектурата, и заклучува дека војната е најважната „тема“ во старогрчкото сликарство и вајарство, како и структурален принцип во архитектурата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Најдобро е, пак, во архитектурата да се користат бои кои доаѓаат од природата, пр. земја, цигла итн.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Концептот „прозорско право“ израсна врз темелите на неговите поранешни манифестни истапи „Мувлосан манифест против рационализмот во архитектурата“ и „Ослободете се од Лоос“, а теоретски е втемелен 1972-та г. со манифестот „Твоето прозорско право-твојата грижа за дрвото“, во кој меѓу останатото стои: „Твое е правото твојот прозор и надворешната карпа, до таму до каде достигнува твојата рака, така да ги обликуваш, како што тебе ти одговара“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Всушност, може да кажеме дека Хундертвасеровата употреба на боите во сликарството е блиска на Јозеф Бојс (Josef Beuys) и неговите идеи околу социјалната пластика, употребата на „топли“, природни материјали (маст, кожа, смола итн.), а во архитектурата на Гауди (Gaudy). 130 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Хундертвасер уште во почетокот на педесеттите го сврте вниманието на јавноста кон себе, благодарејќи пред сè на провокативните манифести, од кои најзначаен е можеби „Мувлосаниот манифест против рационализмот во архитектурата“ од 1958-та г.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но, кога се анализира неговиот есеј „Боите во архитектурата“ (1981), работите стануваат многу појасни.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во тој период живеевме на десниот брег на реката Вардар во кој преовладуваа модерните обележја на животот, посебно во архитектурата, остварувана според западни модели.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Нема никакви обиди да се постигнат илузии, така чести во архитектурата, како што се, на пример, илузијата дека просторот е поголем отколку што тој вистински е, или да се прикрива преградниот ѕид.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)