во (предл.) - бегство (имн.)

3.  Издавање потерница може да се нареди кога постои наредба за приведување на лице кое се наоѓа во бегство, и тоа: 1) на осомничениот кој се бара поради основано сомневање дека сторил кривично дело кое се гони по службена должност и за кое според законот може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна; или 2) на обвинетиот против кого е поведена кривична постапка за кривично дело кое се гони по службена должност и за кое според законот може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна; или 3) на осуденото лице кое со правосилна пресуда е осудено на казна затвор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Правата стекнати врз основа на вложувања на странски лица во ТД не можат да се намалуваат со закон или со друг пропис.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Делот од добивката на ТД што му припаѓа на странско лице, односно износот во случај на делумно или целосно отуѓување на уделот или на акциите на странското лице може, по налог на странското лице, слободно, без дозвола, да се дозначи во странство во валутата на вложувањето ако друштвото располага со парично покритие, под условите определени со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Војниците ги следеше цело време, па кога виде дека вниманието им е на друга страна, забележа дека не го гледаат, веднаш се сокри зад еден ѕид за миг, а потоа кога се пушти во бегство така брзо колку што го држеа нозете.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Номадите толку нѐ интересираа затоа што тие имаат иднина и не се дел од историјата; исклучени се од неа, но се преобразуваат за да се промолкнат инакви, во неочекувани форми и во бегство од одредено општествено поле.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Нашинските, домашни петлиња, ако зграпчеа некоја јаричка во бегство, ја осудуваа на губење пердуви во вангла со врела вода.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Британската интервенција на 4 декември 1944 ставила крај на надежите на Македонците за исвојување на своите национални права.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И покрај протестите за откажување на договорот во Либан, во врвот на раководството на КПГ преовладал ставот тој да се почитува, т.е. да се продолжи со преговорите за склучување на нови договори со граѓанските партии и со владата во бегство.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со раскопаните гробови и откорнатите дрвја, старите гробишта прилегаа на провалена кртечина од која во бегство е собрано и последното ковче.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Камили, слонови, крстосници во напад!... Колеж на коњица!... Сите варвари во бегство!... Навистина прекрасно...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Голем дел од животот го поминал во странство, во Тангер, Париз и Лон­дон, секогаш во бегство од полицијата, самиот себе и инфлацијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Змијо, во бегство на патот до каменот во везило од снег и црна крв.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Групата луѓе околу огнотр се распрснаа на сите страни во бегство.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А селаните, на кои им се придружив, гонети од уплавот што ги споплати и од викањата на коњаниците кои со закана тераа на бегање, набрзина собираа покривачи, веленциња, пљачки, нешто од храната што ја имаа, товареа на запрежни коли, на магариња (коњите и мазгите беа собрани од партизаните ), на грб и рамо нарамија вреќи и дисаги со се што можеа да земат од дома и, терајќи пред себе говеда, овци и кози, се вдадоа во бегство.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некои се убиени во бегство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јачеше, јачеше солунскиот фронт како жена кога се породува и се породи: непријателските војски во бегство, во паника фатија од каде што дојдоа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
До тој ден некако и може да се следи по нешто од животот на Рубина Фаин, а ние никогаш не ќе знаеме како изгледала таа тогаш во бегството од Стамбол, пред тоа или по тоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
ГРАБЕЖ Ограбиле банка Сторителот во бегство Криминалците на работното место
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И сега ѝ беше повеќе од јасно дека беше редот на Мајка да ја дооткрие својата „грчка врска”, делот од нејзи­ниот живот којшто не му беше толку многу познат на Татко... XVIII Таму каде што обично Татко, во налетите на балкан­ската историја, соочен со постојаната потрага по страте­гијата на спасот на семејството, гледаше опасност, неизвес­ност, решение во бегство, Мајка гледаше можност за поми­ру­вање, излез, спас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Оваа земја треба да ја минете надолж и попречно за да најдете некого што има шизофренија а да не е под медикаменти, или да има психијатриска нега, и да не е во бегство.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На цела една генерација на психијатри веќе не им е познато какви се тие луѓе кога се без медикаменти... разговарал: Anthony Liversidge: OMNI, април 1988, New York
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Главната при­влечност на оваа серија на Хичкокови филмови е во самото патување, зашто јунакот во диво темпо паѓа од една ситуација во друга и доживува цела низа од трагикомични авантури (“Саботер” е најслабиот од серијата токму затоа што тој елемент во него е најзастапен); така, во сите три филма од серијата ја пронаоѓаме варијацијата на истата тема: јунакот во бегство пред злосторниците непредвидливо се наоѓа пред 32 Margina #21 [1995] | okno.mk наивното граѓанство, што од него очекува јавен настап и во момент, тој мора да се сети на решението: како најдобро да го при­добие очекувањето на публиката; честопати го решава истото и пред прогонувачите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Публиката со сето срце мора да му биде наклонета на човекот во бегство.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вратените помислуваа да го повратат патот на јагулите, обратно по историјата, а појдените како да бегаа повторно, заплашени, од некаков атавистички страв којшто завршуваше во бегство.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И да ти речам: Запри се во моќта, Гавриле и да ти го земам крикот, и да си го палам одот, како да сум рекла – Услишено си, во тајната, пиле се разбираме, во бегството среќен ни е родот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Дариј го оставија, неговите неверни воини, се фрлија во бегство главата да си ја спасат.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Се пуштија во бегство Дариевите војски, ги оставија и колите, кочиите, мртвите и ранетите.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Потскокнувам во снеможено птичјо лебдење во куцато одолговлечување ко неуко детско чмаење ко неуморни прсти на темето, на половината ти ах, ти театарска гасеницо фатена во бегство.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
Статијата била дистрибуирана од познатата американска новинска агенција "Јунајтед прес" со посредство на Луис Адамиќ, кому Јосип Броз Тито, со писмо од 9 март 1944 година (кое цензурата го задржа прилично долго), му го доставил ракописот на својата статија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На статијата ѝ отстапиле место дури и весниците кои од почетокот упорно ја поддржувале Владата во бегство.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Девојките се вдадоа во бегство, но од другата страна ги пречека нов рафал.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се вдадоа во бегство.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)