во (предл.) - борење (имн.)

Беа и по малку пакосни на него, зашто тој беше најјак во борењето, најбрз во трчањето, па и најдругар на Трајанка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Четворица стражари воведоа во ќелијата една огромна руина од жена на околу шеесет години старост, со големи обесени цицки и со густи прамени бела коса што во борењето ѝ беа паднале на лицето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овие, Арнаутиве, уште во средата дојдоа во Прилеп, со себе доведоа еден пеливан, некојси Исо, на кого цели три дена, акајќи по прилепските аништа, му бараа јунак спроти него, то ест некој кој ќе се согласи да му излезе на Иса на мегдан во борење.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така направија на Хаџи Ташку и дружината, а овие, пак, веднаш им зајамчија дека ќе им најдат таков.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Натпревари во борење и мечувања!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Во борењето, во мрдањето сме го клоцнале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)