во (предл.) - брчка (имн.)

И тогаш ми се сака, ете, така, клинкајќи на овие патерици, да им пријдам и на секоја по ред да им погалам глава, да им го бакнам челото во брчки, тивко да им шепнам: - Пеј, мила, липај мила, плачи мила, ако тоа ти е за олеснување, а и за мене мевлем...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
* Седам во тремот додека врне дождот а чинам дека тече по мене по моите вршки и лисја по моите гранки по стеблата по корењата по моите мравки тече по мојата шума по мојата земја по мојата мисла тече по мојата изненада закопана во брчките го брише мојот уплав мојот страв мојата осаменост во бесоницата во трептеж во напуштеност врви по дамарите мои се вовлечува во моите очи дождот што ме буди што крепи што плоди и јас станав извор што ѕвони цвет што се шири плод што се дрочи додека живеам и растам во оваа стара шума на моето постоење во вишнава гора во шумниве лисја.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Челото се грчи во брчки и го оросуваат ситни бисери пот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Му се истркала по лицето и му се скри во џебурките, во брчките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во подобро осветлената дневна соба тој забележа со изненадување дека во брчките на нејзиното лице навистина има прав.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Оставаше впечаток како во брчките на нејзиното лице да има прав.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)