во (предл.) - букет (имн.)

После два месеца ќе разликувате нијанси во букето на скоро исти вина.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мајското сонце се расплинува врз светлото кадифе на масата, вивти во букетот од трендафили ја оживува на ѕидот сликата на човекот со мундир и златни еполети.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со години го замислуваше Томо како во букет црвени рози го крие венчалниот прстен, како клекнат на колена за век ја посакува нејзината љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа навикнатост на, инаку, откачените податоци можеби доаѓа и поради брзината на патувањето: во секој град и гратче каде што запирам на патот од Lake District до Јужен Велс, менувајќи над десетина хотелски кревети, има барем по еден стар замок, катедрала, неколку палати и барем пет чудникави приказни.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Само што помисли дека безвременската самотија нема крај, - се виде себеси во букет црвени рози.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Неговиот поглед скита по бавчата и запира врз булката на половина метар од него – не во букет, црвени како во градината, туку издвоен, само еден лилав цвет на афионот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)