во (предл.) - булук (имн.)

Ако им се доближат и одеднаш да им проговорат ќе биде како волк во булук овци да влегол.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа биле студени години во кои сиромаштијата под планинската црногорица му плаќала на султанот данок со крв, кога делии со зелени чалми ги собирале машките деца и ги носеле во булук кон Стамбол и кон Едрене, таму да ги потурчат, да ги научат да бодат со копја и да сечат со синџири, и самите подоцна, како брадести јаничари искитени со шарени перја и натоварени со топузи и криви сабји, да собираат нов данок во крв и да се борат против ајдутите во чии чети бил и Парамон Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На овчарите и воловарите им се имаше случувано мечката да им влезе во булукот, да си попасе со овците и да си замине.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Оној негов дедо или дедо на дедо му се викал Парамон и, како сите од тоа време во Кукулино, бил умен и со две очи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А Карабоја извади 146 јагниња, јариња, 68 продаде, 5—6 закла преку лето и пак во булукот останаа 120.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)