во (предл.) - варница (имн.)

- Море ти си коба! Ти си чумино дете! - му свикаа некои од селаните обземени од жалта за своите умрени и од страв од болеста го зграпчија да го фрлат во варницата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога влегоа во варницата Шишман го извади кутивчето, го намести камчето внатре, но го држеше в раце да не тропка.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но кога жена му умре, Дејко ја зеде иконата од свети Ѓорѓија и ја фрли во варницата со вар за да изгоре.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Жените, своите умрени дечиња, не ги даваа да ги фрла во варницата, туку кришум ноќе ги закопуваа во гробиштата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Молчеше, зашто случката не ја виде на сон, туку на јаве: од поодамна Богуле знаеше дека жена му на Андро, Андрица и Оруш варџијата почесто се состануваат скришум во варницата која повеќе денови стоеше топла.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Луѓето гледајќи го клисарот Нестор, како, по наредба на власта, ги фрла умрените во варницата со жешка вар, си правеа крстови, си го запишуваа името на нив и молеа, оставаа аманет - ако умрат да не се фрлаат во варницата како во пекол, како животни, туку да се закопуваат в земи како што е ред и да им ставаат крстови на гробот да се знае кај лежат, да има трага од нив.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се истурија во варницата и вивнаа заедно со оние изрешетани трупје што толку се надеваа и ги приготвуваа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но клисарот Нестор го правеше она што му беше наредено од власта: ги фрлаше сите во варницата, без исклучок.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)