во (предл.) - век (имн.)

Понекогаш имам извесни огради спрема овие луѓе, но верувам дека заслужуваат да се заземам за нив, зашто никој, ниту во последниов век, ниту во вековите наназад, не се зазел.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ом наслов на оригиналот: Hildegard Brenner, Die Kunstpolitik des Nationalsocialismus, Ro- wohlt Taschenbuch Verlag GmbH, Reink bei Hamburg, 1963 62 okno.mk Потсетување: За “изопачено” во уметноста” нацистите го сметаа речиси сето она што во историјата на уметноста денес се нарекува Модернизам во првата половина на дваесеттиот век и што во совремиево вредносно е оценето како најзначајна уметност во веков што изминува.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ќе има Окован Од смрт И Рима. јас Озрачен (Од дална ѕвезда) Медоточен И Порочен. поет Поет: Каков Жален Ек Всегде И нине И присно И Во Век. песната Штедра светлина Лудо пулсирање Песната?
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
И по долг пат би можел да кажам дека глаголот во песната е проколнато нешто, тоа се брутовите кои го држат распнато телото на песната врз крстот на времето.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ad patres, ad patres Има еден коњ, скока од рид на рид и од век во век, ноќем вишти под ѕвездите на Азија, утринум гребе, раскопува, ги буди оние на чии бедра вземи сè уште болскотат нивните сјајни мечови и го раздиплува големото македонско писмо - како единствена насока на Европа кон Исток.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И така од век во век, од облак на облак.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Секогаш имаат друга работа – си ја мерат светнатоста со кубињата, како да сакаат да докажат дека сите божици се светнати.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Има школки на кои им прилега да бидат вкотвени во вековите, вели уште неродената Венера потсмевајќи им се на баналностите на мултилингвалните туристички водичи.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
ШКОЛКА ВКОТВЕНА ВО ВЕКОВИТЕ
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
— Мори ми кој ми е, браче Јоване. Ме излага тој натемаго, та ете се стори резил во векот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сложените технички изуми на човештвото во вековите пред примената на пареата, електрицитетот и атомската енергија, делувале како слики на фасцинантниот “автоматски”, аноргански свет, крајно артифициелен.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Чекореше низ скалите на времето, од ден во ден, од месец во месец, од година во година, од век во век...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко продолжи да чита со истиот занес, да патува од век во век.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сега во век и во вечни векови прими раба тоего Анѓела и душа его од руках чуждих упокоившивсја насилнически, изговорува Максим Акиноски, вамавнува уште еднаш со каделницата, ја затвора книгата, ја прибира под мишка и иставајќи се од над главата она стрика Анѓела вели: Дајдте, луѓе, положете го в гроб, зашто после не е добро да го сохраниме во снег.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И додека Максим Акиноски ги врши последните обреди околу закопот, ги опејува гробот и покојникот Сега во век и во вечни векови, најстариот Анѓелов син, Никола Анѓелов Јанчески, кој отсега натаму е и глава на сиот сој Јанчески и клисар, оди од човек на човек и шепотејќи ги кани да повелат да дојдат кај нив дома за како што носи редот да се облажат за душа на стрико Анѓела.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И сепак, ајде, к’истраеш во век, ќе бидеш пазач на ден и ноќ, стра и трепет ќе сееш со ред, заклучен вулкан со грозна моќ. ***
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Победата ја однесе Амио, преведувачот на Плутарх: тој, во вековите што уследија, имаше многу повеќе успех од Рабле.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од него, од неговиот јазик живееме и денес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Децата ги одврзуваа шамивчињата од крстовите што ги носеа, а попот пееше: - Благословен бог наш всегда њиње и присно и во веки векови, Амин.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Белки ќе те израдуа, сполај му, со некоа рожба и ти во векот да се замешаш, и деца да одгледаш, и свадби да направиш, и внучиња да подржиш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па, не е чудо и да не може да ожени некое од децата, ќе остане за резил во векот — ерген дедо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Конакот, познат во вековите како мал албански Пиемонт, како тврдина на „државата семејство“, со отворени капии за гости и намирници во сите годишни времиња Ервехе никогаш нема да го заборави.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние сме сечила остри што искрат во векот наш студен, Пијан ренгишпил на кој, наверојатно, одамна нѐ нема.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
А голото во век и веков си е праисториско место каде што пред секој нов самрак пеперутките наоѓаат пристан на голите дланки брчкосани од толку многу прочитани судбини.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Циљка прекина, воздивна длабоко, погледна на околу и тивко, одвај чујно изусти: - А дедо и баба и мајка и татко и сите ние рожбите нивни дома секогаш вака си се крстевме и велевме: слава Отцу и Сину и Свјатому духу и ниње и присно и во вјеки вјеков... Амин.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да останат само камен и вода, да се тријат еден од друг, бесконечно, во вековите што идат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Боже господи, биди славен во век и веков.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)