во (предл.) - веленце (имн.)

Не е ни во веленцето ни врз веленцето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Двајца мажи влегуваат во гробот, кој нема како денешниве рамно дно, туку на дното на гробот ископана е правоаголна дупка, нешто како гроб во гроб, и во неа го положуваат стрика Анѓела, откако пред тоа го подземаат од други двајца кои им го подаваат завиткан во веленце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Умрените се носеа завиткани во ќебиња, во веленца, на тезгериња, или на колички и се фаќаа со дрвени куки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Наместо напразно да се лутат еден на друг, мораа и двајцата да се стуткаат под тезгата, во веленце што мирисаше на чпртовина, моч, и уште нешто што потсетува на непофатено женско месо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дојдоа двајца постари мажи и синовите на Софронија; го завиткаа во веленце и го однесоа дома кај Митровици.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)