во (предл.) - ветер (имн.)

Уринирањето во ветер им го оставам на тие што имаат време.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Можеш само да станеш дел од неа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не се чувствуваш купен со твојот фамозен компјутер и „локацијата блиску до пазарот”?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Не мислам да ја трошам младоста на уринирање во ветер.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
ЗАПИС ЗА ТРАГИТЕ Мајсторон што си потпевнува качен на скелено - не знае, егуменкана што шета низ дворон манастирски - знае, намерникот молкум сега што одминува - не знае, старецот преплашено што гледа во залезон - не знае, јаболконо што се ниша зацрвенето во дворон - не знае, и ѕвездана што сега паѓа од небеснине длабочини не знае Каде е Таа, тајно од мене што ја наслови мојава песна и со години ме остави да чекам загледан во ветрон што ја разнесува правта на нашата прошетка по земјава, каде е?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Досегни го во ветрот досегни го во болот на корењето на убавите нешта пред да ти проговори со говорот на инсектите што го тркалаат над ружите својот облак.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
- Ахаа ... сакате да кажете, ќе ме сослушате, но тоа ќе биде како монолог во ветер, шепот во воздухот, здив во студено зимско утро, кој остава трага само додека дишете?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ќе плачев и си мислев – мајка ми се претворила во ветер и плаче за нас и така ќе се успиев.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
На западното небо видоа четири пурпурни блесоци што пламнаа во ветерот, над пустината, а потоа исчезнаа, тивко згаснувајќи на земјата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)