во (предл.) - виулица (имн.)

По десет минути, или по петнаесет тамошни денови, снегот пред нас се истопи.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сега, додека самјакот заминуваше зад сртот, сиот обвиткан во виулицата, што се развитлуваше на сите страни, половината црвена од крвта, беше сеедно дали само го видел, или пак го удрил, бидејќи оној веќе не му даде време уште еднаш да фрли и одвеа натаму, нему и дрвјата како да му се поттргнуваа да му направат пат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Истиот оној впечаток го имаше тој и при третиот истрел, тој сега речиси и како да си го виде своето зрно, додека леташе како оса и како се закопа во бедрото на она стршилиште, изнаоѓајќи го одлично во виулицата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ме облазија морници. Влеговме во виулица и ги забрзавме чекорите.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)