во (предл.) - воденица (имн.)

И сè било многу страшно, се зачудила и месечината: - Ги мелам ѕвездите во воденица, месам погача од сребрено брашно и не знам до кого е вината што ова е толку страшно.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Заодија по патот надолу со мисла пред мостот да скршнат малку по река нагоре и да се пикнат во воденицата Германова додека да наиде некој од селото за да се распрашаат што е и како е.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
____ 1 Така се вика големата шуплива дрвена цевка во која се собира водата во водениците, валавниците и сл.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги зел чеканите и отишол во една од многуте пештери на ридот да обработува воденички камења, поточно - пошол последен, неговите веќе ги клукале карпите со железни клунови и пиеле со стврднатите дробови прав на осакатени карпи што многу подоцна, под притисок на вода, ќе станат бучлив живот во воденица, но некој будник од дружината го прераскажал разговорот помеѓу Доце Срменков и Фиданка Кукникова - патот кон пештерите проаѓал крај нејзината куќа со еден прозорец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што, на? Фиданка Кукникова има дваесет и седум години и ќе ги надживее и помладите во селото, Е, на! Но тебе, престаренику, на! Разбираш?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пелагија од рани зори ја вртеше рачката на машината за ронење, прва доаѓаше а последна си одеше и пченката од гредите на тремовите се преселуваше во големите вреќи, а вреќите во запрегата со која таа ги носеше во воденицата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога влеговме во воденицата, седнавме во гостилница.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дури во воденица ли да те барам? се загледа тој во детето, преправајќи секако да не го видел човекот со пушката.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Рано во воденицата, Трајче и мајка му станаа. Станаа и Евто и снаа му.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Притоа, на нашата несреќа и не ѝ требаше многу па наеднаш да се престори во воденица за смеа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Одиме криенка, надолу. Го одведов во воденицата Јакимова.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)