во (предл.) - волја (имн.)

Тоа се народи на „антиквитетот”, како што ги нарекува Ортега и Гасет, неспособни да се издигнат до СЛОБОДАТА НА МИСЛЕЊЕ ЗА СВОЕТО МИНАТО, робувајќи им на националните клишеа, кобно склони својот живот да му го потчинат на апсолутниот авторитет и на неговата „гаранција” за една апсолутна „извесност” на животот (во верата, во нацијата, во волјата на еден водач како израз на самоволие на сопствената неслободна биологија).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Волјата на Чанга често стануваше прифатлива идеја, а идејата на татко ми завршуваше во волја за Чанга. Среќно се дополнуваа, а сепак остануваа самостојни...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)