во (предл.) - врв (имн.)

Англискиот филмски режисер Питер Гринавеј (Peter Greenawey - 1942), веќе петнаесетина години несомнено се наоѓа во врвот на европскиот нов авторски филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се разбира дека присуството на д-р Сотировски, единствен Југословен во Париската опсерваторија, која со макотрпна и деноноќна работа се пробива во врвовите на науката, ми овозможи уште полесно да се вовлечам во многуте катчиња од опсерваторијата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И повторно навртувајќи го погледот точно во врвот на нејзините црни очи...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Човекот што умираше во секоја ноќ под гилјотината на зраците гледаше во врвовите на своите чевли и читаше од нив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И токму кога сакаше Филозофот плочката врз првиот збор да ја залепи, да ја допре, па и тоа последно, а прво во текстот зборче, јас што се вика, верно да помине во умножението, ровја од ведро небо удри во врвот на планината и силен блесок видот ни го помрачи на сите; и потем земјата ужасно се затресе, и се тресеше долго; ужасен облак од прав се крена и сосема се замрачи небото, и сонцето на него се зацрни како точка црна, како јагленче, како црн пајак вознемирен кому некој мрежата се обидува да му ја раскине, да му ја помести, да му ја ороби, да му ја украде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Гребам и си дувам во врвот од прстите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Писарот се огледуваше во врвовите на своите жолти чевли.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ноќ, воловите жеволеле во туѓа стаја туѓо сено, стопаните фаќале бессилно суштество што до вчера се наоѓало под заштита на светените манастирски ѕидови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој чекорел во свечена осаменост на обред во кој се кадат со темјан слабушкавите за битка, всушност не ги подавал рацете кон копнежи туку со здив, со чело, со врелина во врвовите на прстите џбарал слободен простор по чии невидливи врвици можело да се стаса до златни бранови на 'ржено море а во нивната лелеавост да се живее и да се чека на доаѓањето на русалките и девојките; со нив ќе е и таа, Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
– Генералот направи еден чекор назад, со раширени нозе неколкупати удри на земјата небаре проверуваше дали е доволно тврда за да го држи, потоа подигна глава и се загледа во врвовите на планината Бела Вода.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)