во (предл.) - галаксија (имн.)

А можеби беше и во незавршената реченица, незавршениот збор во галаксијата на азбуката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Хаосот се јавува дури и во наизглед простите њутновски системи каде што не постои одлевање на енергијата (ткн. Хамилтонови системи), какво што е движењето на ѕвездите во галаксиите и на атомите во молекулите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Загледан во небескиот мозаик на ѕвездите, секој збор си го замислуваше како ѕвезда во галаксијата на азбуката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако знаеме, од основното психоаналитичарско школо, дека потиснувањето и сублимирањето на начелото на угода е културна дејност, цивилизирање на првобитниот сексуален нагон во галаксијата на Еросот и неговите слободни игри, ќе запазиме дека јужнословенскиот виталитет им одолевал на сите овие сублимации и дека на крајот се „сублимирал” во сопствената l’action directe и, така, без форма јурнал таму од каде што мислел дека бегал - во смрт.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)