во (предл.) - гледалиште (имн.)

Кога заврши претставата, со грмеж во салата (дали како сценски ефект или како ровја над градот, не беше јасно), а светлата се запалија во гледалиштето, актерите излегоа пред спуштената завеса, избледена и излитена, па долго и длабоко се поклонуваа пред публиката измамувајќи само млак, пристоен но повремен аплауз.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Жолто сидро, сина риба – со такви чудни месечини живееме Силвија Плат штиците крцкаат неподносливо крцкаат под тежината на одот мек рефлекторот со модра боја ги прелива пукнатините на левиот образ на животот на десниот образ на животот истекува остатокот од модрата боја на рефлекторот сенките се качуваат по левата страна на завесата и се спуштаат по десната страна на завесата на средината од сцената нашите усти нè голтаат со сласт што освојува публиката аплаудира безмилосно аплаудира безмилосно публиката безмилосно публиката аплаудира од другата страна на завесата во гледалиштето започнува долго очекуваната претстава
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)