во (предл.) - глетка (имн.)

Се внесов во глетката и во овој едноставен одвивачки образец на космичката еволуција кој претставуваше вистинска историја на човечкиот род.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ние го гледавме тоа и уживавме во глетката.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
...а сепак билната трпеливост на листот што го чека својот пад а сепак загнездена немоќ во глетката на приспивната починка а сепак туѓинци веќе и за себе што по изгубената блискост трагаа трагаат... мали пополноќни разговори со маја или декорот во служба на магијата
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Баба Перса од кај вратата уживаше во глкетката и од таму ја храбреше со своите благи и болснати очи.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Така до крајот на својот доживотен мандат Р можеше да ужива во глетката што ја виде во прво одделение.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сите гледаат во лудите, а тие гледаат во насобраните на плоштадот, се гледаат и меѓусебе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Околу нив, во широк круг, се чуварите на градот, кои внимаваат лудите да останат на купче; чуварите стојат со мошне раширени нозе за да бидат што пониски, и никому да не попречуваат во глетката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите уживаат во глетката – и градските великодостојници и занаетчиите, и свештениците и воините, и дамите и перачките, децата и старците, лекарите и рибарите, чесните и крадците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа следува највеселиот дел – чуварите почнуваат да фрчат со камшиците, и како кога се поведува добиток, ги поведуваат лудите кон портите на градот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)