во (предл.) - грутка (имн.)

Дворот се наполнеше со засирена, замрзната крв, во грутки се тркалаше крвта по дворот. Не течеше вода, туку крв.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Затоа и го ставиле вака, во грутка, неизмазнет.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во првиот миг сакаше да се врати, ама се поколеба во намерата, забради црна шамија и со срцето стегнато во грутка, појде дома со наведната глава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Под лажичката Фимка почувствува болка, небаре сите чемери и горчини што ги носи, се стопија во грутка и стега пустата ко навиван чембер и неизречиво јa заболува - здоболува душа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Стана, зграпчи грст снег, го стегна во грутка и замавна удолу, кон поточето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ја испружи раката и во дебелата дланка ги покажа полуџваканите розови и сини топчиња, слепени меѓусебе во грутка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)