во (предл.) - гужва (имн.)

Беше вршење на житото. Тие пак, веројатно од несмасност, во гужвата, се сопнаа, па едниот од коњите, така силно ја клоцна по лице.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се бркавме во гужвата и не можевме да се најдеме речиси еден час. Конечно се најдовме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Наскоро во гужвата исчезнува и мирисот на нејзините мускулести потколеници. Караванот врви, а тој не лае.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ќе ме препознаеш во гужвата и весело ќе ми мавташ со левата рака, држејќи некој друг со десната... а во твојата насмевка јасно ќе се чита прашањето: „Од каде ли ја познавам... и како ли се викаше?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)