во (предл.) - дамар (имн.)

Нема кој да му брца во дамарите. Нема кој да го провоцира.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тагата треба да ја потиснеш, да исчезне од твоето небо, да пропадне во длабочина, во дамарите на твоето битие.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Знаеш, пријателе, и Толстој пред да започне да пишува секое утро, испивал по чашка коњак, неоти крвта ќе струи побрзо во дамарите отколку што одредила староста, ама нешто мигновно побрзо ќе проструи во умот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да видиме дали така ќе биде и со нас?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко само се насмеа на зборовите на Камилски, испи половина од коњакот во чашката и му се обрати на Камилски: И ни треба побрза крв во дамарите. Годините брзо минат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски во знак на согласност кимна со главата и веднаш се внесе во своите списи, готов да започне да реферира за своите пет избрани зборови, но очекуваше и Татко да ги каже своите пет збора.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)