во (предл.) - дедо (имн.)

Сега пак, ене го каде ги брка јагнињата во дедо Маловото асло, ждребето по ливадите и децата на чаирот. Од дрвата направи цела променка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Јана продолжи: - Е токму таа Розика се вљубила во дедо ми кој, исто така, бил коњушар на имотов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
При секое отворање на вратата од собата и погледнување во небесното синило, во него се јавува истото она чувство што се јави во дедо му Аврам кога го извадија од гроб, кога му го кренаа капакот од ковчегот, и кога тој, здогледувајќи го небесното синило над себе, му идеше да го баци.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гошко ја крена главата. Зачуден гледа во деда си.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тажниот настан вистински ги потресе сите во дедо Димовата колиба, но секако најтешко му беше на Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Како да ѝ биде кога не можеше да ја види со очите на дедо ми. Таа гледаше во дедо ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сепак, уверена сум дека и баба ни е таму некаде во нејзиниот лик. Не толку наметливо како Ласа, ама присутна...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Децата почнаа да се претвораат во дедовци и баби.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Со гордост погледнав во дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Тоа, тоа! Куклата – убавица беше во состојба на овргалениците во Дедо Мраз, да им истури сѐ, да им го отстапи и последниот залак од уста, само да не ѝ го одземат сопатникот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кажано со технички психоаналитички јазик, сега мислам дека тогаш превидов дека тој го проектираше дедо ми на мене.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За „престорување” во дедо ми.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
В не веруваше во Дедо Мраз ниту кога беше дете, иако секоја Нова година наоѓаше подароци под елката.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Гошко ја крена главата. Зачуден гледа во деда си.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)