во (предл.) - дело (имн.)

Декарт во делото издадено 1637 - „Расправа за методот“, објаснува како неговата убеденост во реалното постоење на рес когитанс (супстанција која мисли) произлегува од неговата потрага за солидна основа на познанието, во која што потрага тој ги става под „лупа“ со методот на сомневање сите негови дотогашни сфаќања и знаења. Маргина 37 41
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овде е нејасно како, со кој систем на писмо е напишано името на мажот и името на царот, иако останатиот дел на сведоштвото одразува еден типично словенски обред на погребување со кремација.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Метаморфозата на кукла-манекен, како хомологија на телесни трансфор­ мации, во уметноста на овој век е позната уште од распарчените удови на Ханс Белмер па сè до увеличаните фигури на Чарлс Реј.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во основа способноста за рефлексија е да бидеш свесен дека си свесен, односно да знаеш дека знаеш.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во таа низа, статусот на „акт“ во делото на браќата Чепмен е потполно дехуманизиран и демаскиран.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И натаму, во делото „Златни пасишта“, арапскиот писател Ал Масуди (ум. 956) тврди дека во некој словенски храм тој пронашол пророштво, врежано во камен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Филозофијата на јаничарите и јаничаризмот е супстратот во делото на Луан Старова Времето на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И Симон е тип на интелектуалец кој оптира со политиката иако декларативно стреми кон универзалното Добро, но и човек за кого не е сосема извесно дали е способен да го почувствува и страдањето на поединецот, дали неговата хуманост и емпатија се наоѓаат само во зборовите, во интелектуалниот порив, но не и во срцето, и дали затоа во оној момент кога тие преминуваат во дела, доживуваат крах.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Презентирајќи 180 примероци селектирани од огромниот опус од 10,000 до 15,000 парчиња, Темкин и Роуз сериозно ја потврдуваат важноста на цртежот во делото на Бојс: Цртежот, тврдат тие, е концептуалниот клуч кој ја отвора вратата кон комплетната уметничка продукција на Бојс.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Цртежите од педесеттите се доста застапени во МОМА во изложбата „Мислењето како форма“; изложбата стреми кон целосен преглед на целокупните Бојсови дела на хартија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
(...) Бартелми нѐ принудува да ги напрегнуваме интелектот и имагинацијата, а на крајот нѐ остава збунети; неговата постапка мошне наликува на онаа на Ешер во делата како што се Конвексно и конкавно и Коцка со магични траки, кадешто воопшто не сме во состојба едновремено да го видиме и конвексното и конкавното.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таа нова антропологија што ја наоѓаме уште кај јудео-христијанството (кое во луѓето гледа само прав) не треба само сознајно-теориски - на пример, психоаналитички или неврофизиолошки - да ја прифатиме, туку и да ја претвориме во дело.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Феликс Гатари и јас се обидовме да востановиме одредена филозофија во делата Anti-Oedipe (Анти-Едип) и Mille plateux (Илјадници рамнини), а посебно во ова второво, таа голема книга со многу концепти.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Руди Рукер (Rudy Rucker): „Од секогаш сум сакал да бидам авангарден уметник и да создавам некаква изопачена научна фантастика, каква што наоѓаме во делата на Вилијам Бароус (William Burroughs).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
— Ајдо биро, брее! И од рисјаните излегоа паши! — со восхит зборуваше дедот Паленѕа како најзаслужен во делото и најдобар Толев пријател.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овие вредности изложени во дела со инженерско-конструкционистичка поставеност, пак, се покажуваат како апсолутно бескорисни за епохата во која се предлагаат и, како такви,тие се осудени на неуспех.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Пост-интелигенцискиот” идентитет драматично се актуелизира во делата на Александар Бренер.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тие стануваат актери во делото.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тито го уверил Маклин дека по изготвувањето на планот тој ќе им издаде наредба на своите команданти на теренот да ги преземат сите мерки за да се спроведе во дело планот во договор со неговите офицери на самото место, чија задача ќе биде да ги координираат операциите кои ги изведуваат партизаните со акциите на сојузничкото воздухопловство.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ваков експеримент е веќе направен во делата на дадаистите (особено кај Дишан), а и подоцна кај поп- артистите и во делата на некои концептуалисти...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во сликите-машини на Кирхер метаморфизмот е технизиран, додека во делото на Арчимболди (кој умира две години пред Кирхер да се роди) тој е индустријализиран.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Значи, погрешно е во неговото дело да се бара нешто “повеќе”, како што обично премногу нешта се трупаат и во делата на Пикасо.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И не само тоа; во делото на најфасцинантниот предмодерен поет на Европа, Торквато Тасо, ја наоѓаме “егзистенцијалистичката” теорија за кончетизмот, многу пред Грасиан и Тезауро.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Локализацијата на раскажувањето во делата на овие писатели речиси секогаш е постигната со традиционален опис, но градот влијае врз определувањето и распоредот на карактерите, врз развојот на сижето и смислата на заплетот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
За мене тоа на одреден начин значеше практично спроведување во дело на некои поставки од Граматологијата во врска со книгата и линеарноста на пишувањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истиот случај е и со делото Филозофијата на Енди Ворхол (Од А до Б и назад) (1975) напишано од Боб Коласело, каде Ворхол, кој е најмалку интимен, развива духовит, смирен, конверзациски тон што го дефинира како “писател” во најкла­ сична смисла.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За тоа делумно станува збор во делото Cirkonfesija.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тука припаѓаат уште и 32-те австралиски етиди за клавир (1974) и две композиции наменети за ансамблот на Марс Канингем - Гранки и Дете од дрвото (1975).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој настан okno.mk | Margina #11-12 [1994] 35 ослободи цела низа прашања за легитим­носта и потеклото на моќта: за казнените мерки, вреднувањето, објавувањето, сообраќајот итн. 4Дали мај 68-та означува и еден филозофски настан? 4Исцело, еден од оние филозофски настани што не се вообличуваат во дело или расправа, туку коишто носат, севезден ги пренесуваат оние филозофски склопови препознатливи во насловите и имињата на авторите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И најприватната автобиографија се објаснува со големи преносни личности коишто се тие самите и тоа во поголема мерка од некои други (на пример, Платон, Сократ и уште понекој во La carte postale, Жене, Хегел, Свети Августин и толку други во делата Глас и Cirkonfesija итн.).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Помеѓу 1933-34. ја истражуваше можноста за хроматска организација на низата од 25 тона без повторување (Шест кратки инвенции, завршниот дел од триото Соло со неизоставно следење на два гласа во канон); 1935-38. користеше фиксирани ритмични структури организирани по принципот на серијална техника; од 1935. постојано прави дела во кои ја комбинира играта, филмот, театарот, ТВ-то; 1939-56. компонираше музика (Прва конструкција во метал) во која ритмичната компонента е организирана на основата на истите пропорции на малите и големите делови; 1938-51. настанаа делата во кои е нагласена (ориенталната) експресивност (Сонати и интерлудии); од 1951. ги користи “операциите на случајот” и посебните, за нивна употреба направени табели; 1952. настануваат неговите најважни откритија, помеѓу останатото и примената на несовршеноста на хартијата при одредувањето на структурата на делото според Ји Џинг; 1954 ја воведува неодреденоста, прво во делата без однапред одредени односи помеѓу деловите (Варијации); 1958. настануваат композиции без фиксирана партитура, но одредена при самата изведба; 1967. користи компјутер за одредување на звучните и композициските параметри; 1969. ги конципира делата во кои ја укинува разликата помеѓу изведувачот и слушателот (33 1/3); од 1961., кога излезе книгата Тишина, развојот и промената на музичките искуства ги следат теориските и мислените ставови кои ги изложуваше во текстовите (претставени во Маргина).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тука сме веќе на тлото на најтемната и најзаобиколна топологија, заталкани поради неизвесноста на одредиштето: ми се причини прикладно тоа да го наречам заблуденост (destinerrance) или притајување (clandestination).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во верзијата Имитации за оркестар без диригент и во делото И така натаму (1973) за оркестар со или без диригент, повторно укажува на хегемонистичкиот статус на диригентот во ансамблот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа е еден дел од неформалните причини зошто токму Бојс; главната причина се состои во самата негова личност престорена во дело.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, колку и да е искажлив и разбирлив, оној “едниот единствен пат” истрајува. 4Сакате да кажете дека не сакате да имате идентитет? 4Да, како и сите други.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Неринг и Ралф Ферара го основа New York Musicological Society, а 1974. со Луис Лонг и Александар Смит ја објави Книгата печурки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако само ги подѕирнеме најзачестените потврди за филозофски ангажман, ќе утврдиме дека книгите веќе не се пишуваат на истиот начин.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа е доказ дека на Божјата заповед, според која мажите мораат да бидат обрезувани, намера ѝ била да го сузбие оној вишок во жената, имено претера­ното телесно уживање”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ричард Костеланец Џон Кејџ (1970) Кејџ (2) Имагинативна конструкција Кејџовото творештво може да се набљудува како процес на постапни промени и иновации настанати како резултат на специфичното музичко-мислено занимавање. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 171
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од каталогот за париската изложба пренесуваме два текста, од кои едниот зборува за влијанието на Бојс врз младите руски уметници, а тоа е интересно поради тоа што и кај македонските „поалтернативни” уметници забележливо е влијанието на Бојс, особено при правењето на перформанси.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во Евтина имитација (1969) се обиде отсуството на сопствената звучна и стилска препознатливост да го надомести со имитација на Сати-евата музика.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во почетокот на четириесеттите години настануваат Кејџовите важни познанства со уметниците - Марсел Дишан, Марс Канингем, Вирџил Томсон, Ласло Мохоли- Наѓ, Макс Ернст, Пит Мондријан, Андре Бретон кои подоцна се прошируваа и според Кејџовото признание опфаќаа влијание од неговите учители, пијанистот Ричард Булиг и композиторот Хенри Кауел, Адолф Вајс и Арнолд Шенберг, потоа композиторите и уметниците, неговите современици и истомисленици, Лу Харисон, Алан Хоуханс, Мортон Фелдман, Ерл Браун, Кристијан Волф, Дејвид Тјудор, сликарите Роберт Раушенберг и Џаспер Џонс, скулпторот Роберт Липолд, зен-учителот Д. Т. Сузуки, ботаничарот Гиј Г. Неринг, својот татко, пронаоѓачот Џон Милтон Кејџ, интелектуалците и мислителите Норман О. Браун, Маршал МекЛуан и Бакминстер Фулер, па сѐ до оние кои ги познаваше преку нивните дела - Ерик Сати, Антон Веберн и Едгар Варезе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Стилот што се провлекува во делата на американската современа литература на писателите како што се: Даглас Коупленд, Брет Истон Елис и Николсон Бејкер, веднаш е препознаен како Ворхолов: она што е карактеристично за него е мешавината на домашната атмосфера и наместените наивни изјави.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Процесот го добил дури шест години подоцна и тогаш си го повратил својот статус на професор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Наспроти овие дела, проблемот на повеќекатноста и наслојувањето е присутен и во делата како што се Предавање за времето (1976), за 12 гласа, магнетофонска лента и филм, и Ренга за станбен блок (1976), за оркестар, кое се состои од низа наслоени делови без име.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
“Б ми даде детална слика за шоуто на Барбара Волтерс.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Всушност, заемната привлечност меѓу машкиот и женскиот пол (Невестата и Младоженецот во делото на Дишан), може на алхемијата да ú даде аспект на архетипско или филозофско искуство на љубовта, едно доживување на среќна или несреќна љубов (зашто алхемијата е место на соединувањето), но, исто така и на едно непрекинато и фрустрирачко одложување на љубовта - поради тоа другите критичари мислат дека “Големото стакло” ја претставува историјата на онанистичката љубов без крај - токму она што е крај - непостоењето на крај на љубовта кон знаењето или на филозофската љубов кон “Ученоста” (кризата на идентитетот на современиот интелектуалец).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оваа експликација во суштина е објективна, судејќи според потврдите кои се наоѓаат во делото; што значи не може да се замени со друга.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бидејќи распоредот на книгите во библиотеката претставува една од битните теми во делата на Луан Старова, треба веднаш да се истакне дека неговите книги би можело со право да се вредат меѓу романите на Исмаил Кадаре и Данило Киш.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога А.А. го спомна опиумот, тој постојано вперуван куршум кон религијата, не можев а да не реагирам: - Вистина е дека Маркс во делото Критика на филозофијата на Хегел во 1844 година, уште во својата младост ја изрекува мислата – за религијата како опиум на народот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ако ги осуетил стратегиите на албанската тајна полиција и ако поради неа нема да го оствари враќањето, ќе му преостане на крајот од полза неговото искуство („таа аскеза...”) во делото кое ќе замисли да го напише подоцна и тоа не друго, сигурно погодувате, туку романот Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И покрај сите признанија за организаторите за вклучувањето на практично сите информации за животот и уметноста на Дишан што им биле достапни, нивната изложба сепак има значителни слабости - не успева да открие еден од најважните елементи во делата на Дишан: неговата суптилна смисла за хумор.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За вториов проблем, несомнено обилното количество информации презентирани во придружниот каталог многу ќе допринесат во подобрувањето на состојбата и сигурно ќе служи како непроценлив извор за понатамошни напори за разбирање на овој уметник и на неговиот опус.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сочинителот сега, со помош на светиот крст беше заробен во делото свое, а не мушичката чтение што чини!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Понатаму во пресудата се редат веќе познатите настани: ноќта на 29 април, во моментот кога жителите на градот не биле уште прибрани во своите домови, „агитаторите“ се обиделе да го спроведат во дело својот план.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Месни раководители и агитатори што имале можност да одат во Бугарија и таму да се сретнат и да разменат мисли со членовите на Организацијата од разни делови на Македонија и да се запознаат со положбата во емигрантската организација се враќале - пишува Шатев - “уште поопозиционо настроени и речиси сите ја потцртувале деморализаторската атмосфера во слободна Бугарија, тврдејки дека кој сака да остане чист во делото... не треба нога да му стапне во Бугарија, или пак, ако мора да оди - да не стои повеќе од една седмица“37.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Ете зошто, како што му кажав и на Гоце - рекол Мечето - ти изјавувам и тебе: ние сме решени по секоја цена да го спроведеме во дело нашиот план и нека од него и од други слични што би можеле да се извршат по градовите и пругите низ Македонија турската власт се држи постојано во напрегнатост, нека постепено се истоштува материјално и морално, од што ќе може да се види во која мера големите сили ќе бидат готови да ја преземат иницијативата за една интервенција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но може ли литературата - потфат чијашто цел е да го обликува внатрешното гледање на својот творец - да биде пренесувана од татко на син?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дали стремежот на синот бил ист како оној на таткото?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На слични мисли налетуваме и кај другиот голем класик на културните студии Raymond Williams во делото Culture and Society 1780-1950 (1958), каде што ја проблематизира збрката до којашто доаѓа при употребата на зборот еднаквост: “Единствената еднаквост што е важна и возможна е еднаквоста на постоењето.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нееднаквоста во различните видици на човекот е неизбежна и дури добредојдена; тоа е основа на каков и да е богат и комплексен живот. штетна е само онаа нееднаквост што ја негира основната еднаквост на постоењето.” (Williams,305) Margina #32-33 [1996] | okno.mk 107
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И, со тоа што ги остварил стремежите на татка си, дали синот ги оневозможил сопствените?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можеме да кажеме дека Hogart и Williams рано осознале некои од битните недоречености на популарната култура што подоцна ќе им одат толку на нерви на нејзините клеветници и клеветнички.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Синот ќе ги спроведе во дело татковите ностварени желби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кападокискиот истражувач на болестите ги посочува меланхолијата и манијата како два пола на лудилото: “Меланхоликот се осамува, се плаши да не биде прогонет или затворен, се измачува со суеверни идеи, го мрази животот,” тој “го проколнува животот и ја посакува смртта”; оние, пак, кои не се обземени од меланхолија, туку од манија, се во неконтролирана фурија, возбуда или веселост, и во овие состојби може да се чувствуваат инспирирани за големи дела за кои немаат подлога да ги направат, или пак можат без некоја вистинска причина да убијат некого.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неколку века подоцна, Аретаеус од Кападокија, во делото „За причините и знаците на болестите“ вели: „Пациентот може да замислува дека има земено друга форма од својата, некој верува дека е врапче, петел, или земјена ваза; друг дека е Бог, оратор или актер кој го држи жезлото на светот; некои плачат како новороденчиња и бараат да бидат држени в раце, или веруваат дека се зрно синап и постојано треперат од страв дека ќе бидат изедени од кокошка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во дела, каде што поетското чувство е органски вградено во раскажувачкото, без да го загрози или да биде загрозено од него, спаѓаат и расказите на Михаил Ренџов.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но, како што е запишано во делото на Вајлд, младиот Греј, воопшто не ѝ посветува внимание на поуките од двајцата пријатели, па и понатаму смета дека единственото нешто што заслужува љубов е актерката.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ни велиш оти си дошол кај нас со љубов и со чисто срце да ни проповедаш за Радосната Вест, како апостол на Христа, најблизок до Учителот во зборовите и во делата свои.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ова е уметничко дело што бара одреден степен на трпеливост од гледачите, бидејќи тие самите, низ интеракција, откриваат за што се работи во делото.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Џива се најважните слики што се повторуваат во делата на Вудринг.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Треба само да се прочитаат одредени сцени на заведување во делото на Марлоу Хероја и Леандер, или познатата сцена во Ричард III на Шекспир.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Литературата од времето на Шекспир е преполна со такви, би рекле халуцинаторни теми, врзани за сексуалноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Овие настани најубаво ги има опишано писателот Бранко Ќопиќ во делото „Осма офанзива“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Користејќи ја можноста на еден дводневен семинар во Скопје, Рада реши замислата да ја спроведе во дело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој можеше да зборува пушејќи дваесет цигари, на која било тема што ќе ја начневте.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сте читале за него во делата на ценетата, но честопати нејасна Мајка Гуска.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Натаму, руската усна книжевност изврши неизбришливо влијание во делата на Пушкин, исто како што Гогољ се инспирираше со украинските народни приказни, преданија и пословици.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Силата и наредбите, националната љубов и разните ресентимани, фрустрации и патетики тука не можат да помогнат. »» Во ‘Логичко танцувачките фигурѝ (коишто во Дело ги пишувате заедно со Ненад Фишер) нештата често ги воопштувате до нивото на некоја словенска психолошко-историска ‘предестинација’?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Духовно сродени со „светата нација” се сродија и со l’action directe на својата нација која ја укина целата посредност помеѓу намерата и нејзиното спроведување во дело.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Да се спроведат во дело и да се остварат изнесените идеи со обликување на нови инфраструктури, двосмерни комуникации и нови фундуси на информации. 158 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Од Фихтеовите Говори кон германската нација до славењето на секојдневната национална стварност во делата на импресионистите, од музиката на Сметана и Дворжак до расправите за еврејска држава на Теодор Херцл, вклучувајќи ги тука секако и делата на националистите на Третиот свет 14 okno.mk како Франц Фанон, можно е да се помисли на многубројните „пробиви” на нацијата во литературата, музиката, сликарството и новинарството.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сонот носи визија, визијата носи доживување што преку духот што сака се обликува во дело.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но Климент Камилски најголемата благодарност и восхит му ги должеше на Андре Мазон, кој ја беше утврдил посебноста на македонскиот јазик, близок до српскиот и бугарскиот, но различен од обата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од восхитот со кој му зборуваше Камилски на Татко за руските класици на литературата, најмногу откривани од читањето за нив во делата на Андре Мазон, Татко можеше да утврди лесно од каде потекнуваше прорусизмот на неговиот пријател, кој подоцна, продолжувајќи во просоветизмот својата судбина ја насука во сталинизмот, што можеше да го чини глава на Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
1. Настаните и личностите во делото се плод на авторовата имагинација.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во стварност, човек би можело да помисли дека резултатот на Гедел само фрла светлина врз еден недостаток во делата на Расел и Вајтхед и да се обиде, инспириран од тој резултат, да создаде систем кој ќе ги надмине и Principia Mathemat- ica и Теоремата на Гедел.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Јасно е дека одредувањето на бројот на нивоа, не само во делата на Ешер туку и во сите повеќенивовски хиерархиски системи, е покриено со вел на непрецизност која ним им е инхерентна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа може да се најде и во делата на Томас Пинчон.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се изредија и неговите помагачи во делото, кога на вратата се појавија и двајца попови, две девојки и осум мажи, меѓу кои двајца младежи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Татко ја прочита нејзината мисла и продолжи: – Писмото се сметало за божја особина, а не за него­во дело, какви што се неговото милосрдие, правичноста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа е добро скриена во делото.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Бах не укажува на неа експлицитно,но ако знаеш за неа, без проблем ќе ја најдеш.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во делото Слобода, Вие докажувате дека современото општество се интегрира со помош на слободата (потрошувачката слобода), а не со помош на репресија на слободата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се обидов тоа да го протолкувам во делото Навестувањата на постмодернитетот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Подоцна во текстот Модернитет и амбивален­ција анализирате дека стануваме „инхерентно не-самодоволни ентитети” во нашата приватна зависност од експертите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овие заедници немаат никаков друг цврст темел освен определбата на нивните членови да живеат во нив, така што траат онолку долго колку што вниманието на членовите е живо а емоцио­налната определба силна. Во спротивно, тие едноставно исчезнуваат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Она што го покажував во текстот Мо­дер­нитет и амбивалентност, но и во делото Навестувања на постмодерни­те­­тот, се состои во тоа дека постмодерните заедници им се послични на Кантовите естетички заедници отколку на Тениевата заедница која му претходи на изборот на секој нејзин член и го детерминира.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Следствено на тоа, не мислам дека има многу шанси за политичка слобода, то ест за онаа слобода во смисла на старогрчкиот полис, слободата на собирање на агора и донесувањето на одлуки.  Што мислите за прашањето на економијата?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Учествуваат во делото за национално превоспитување...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Афирмацијата на удиралките е навестена во делата на Едгар Варезе, композитор кој прв самостојно ги користеше во своите дела.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Меѓутоа, по Втората светска војна во делата на американските автори насочени во правец на експериментирање во музиката, почнува да се чувствува тенденција во музичкото дело да се воведе димензијата на случајноста и неодреденоста, а најупорен и најубедлив експонент на оваа алеаторична струја е секако Џон Кејџ.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На тој начин, уметноста и активистичката сцена почнуваат да се преклопуваат, создавајќи „нова арена на политичка артикулација“.138 137 Michel de Certeau, The Practice of Everyday Life (Berkeley: Univer- sity of California Press, 1992), цитирано во Battling Big Business: countering greenwash, infiltration and other forms of corporate bullying, ed. Eveline Lubbers, (Melbourne: Scribe Publications, 2003), 169-170. 138 autonome a.f.r.i.k.a. gruppe, “Communication Guerrillas: Us- ing the Language of Power” in Battling Big Business: countering 109 5.2.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Оливер Реслер Оваа конвергенција на уметноста и активизмот во јавниот простор е евидентна во делата на Оливер Реслер (р. 1970 година, Австрија).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Превидувањето е разбирливо, зашто дојдов на уверување дека за Дишан било важно врската со Жари да ја држи во тајност, и дека неговото однесување во тој поглед фрла светлина на целата мистериозно-измамничка поза која тој ја негувал, толку поетично собрана во делото од 1959, With My Tongue in My Cheek (Со мојот јазик на мојот образ3).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Подеднакво експлицитното укажување на воајеризмот во делото е исто така предочено во Мажјачиштето каде Маркеловите 82 свршувања се проследени од страната на доктор Батибиус преку малечкото тркалезно „прозорче” покриено со „две цврсти дрвени капачиња”. (Батибиус, пишува Жари, „ја заврте рачката” (на капаците) со професионална прецизност со која би се користел кога би ја вртел бескрајната навртка на спекулумот”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Се сеќавам на едно место во делото на Анри-Пјер Рош (Henri-Pierre Roche), каде стои дека сте рекле како секогаш се трудите да го најдете начинот да си противречите самиот на себеси.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)