во (предл.) - депресија (имн.)

Личност која е духовно сиромашна, соочена под дејство на дрога со своето вистинско лице, може да падне во депресија, бидејќи не може да ја прифати вистината којашто го навредува нејзиното самољубие и замислената слика за себе.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Низ историјата, тие не потклекнаа пред ниедно ропство, не паѓаа во депресија, а згора на тоа умееја да ги сочуваат македонските традиции, обичаи, верни беа на македонската носија, при тоа цело време го говореа македонскиот јазик!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Некои кучиња, поради промената на домашната средина или храната, запаѓаат во депресија: одбиваат да јадат, да вршат нужда каде што е определено за тоа, ја прилепуваат главата на шепите, дишат тешко, издивнуваат, лежат нерасположени како да им е одмилен животот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го доживеа крајот на светот. Доби несовладливо чувство на задушување што брзо премина во депресија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од таа моја несреќна авантура изегов со две лузни: најпрвин, јас сфатив дека Луција точно виде дека моето тело е неискусно во љубовта и дека не сум спиел со жена; тоа ме понижи и ме доведе во ситуација да не излегувам никаде; паднав во депресија и почнав да размислувам да платам проститутка, за да ја завршам таа работа (токму така мислев, и сега тоа ми е многу симпатично: да ја завршам таа работа); второ, не знаев да ли има смисла, откако ќе ја усвојам технологијата, да се враќам кај Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога сите мислат дека си во депресија, тогаш најмногу твориш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
ЈАКОВ: (Вади машинка пушка од под мантилот.) Може. (Пауза.) Прво бев само уметник, не се мешав, ве презирав оддалеку, мислев тоа е доволно, па паднав во депресии и лудило, сега преземам радикални мерки.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но многу години пред да се засолни Јасер Арафат со своите најблиски соработници во Тунис, заедно Палестинската ослободителна организација во 1982-та, по опсадата и напуштањето на Бејрут и Каиро, тој кон крајот на 1974, пред да замине во Њујорк каде што ќе го одржи (на 13 ноември 1974 г.), својот познат говор на Генералната асамблеа на Организацијата на Обединетите Нации кога ПЛО ќе биде примена за набљудувач, ќе запре во Картагина да го поздрави Хабиб Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тунискиот водач беше тогаш болен и изнемоштен, во депресија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе ми прави друштво во текот на долгите часови кога од здодевност почнувам да запаѓам во депресија и се соочувам со прашања за кои знам дека мора да останат без одговор и неизбежно да се доживеат такви какви што ќе дојдат и ќе бидат, задоволно си рече тој.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ја тераше сега Дукле да јаде колку што сака, но таа го изгуби апетитот, се разболе, падна во депресија, не можеше да стане од креветот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)