во (предл.) - дејство (имн.)

Алтернативните светови, што се прикажуваат од компјутерите, се пресадување на виденото во дејство.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Таа нова антропологија, којашто извира дури од еврејското христијан­ство и која­што во луѓето гледа само прав, не треба само спознавно­теоретски, на пример пси­хо­аналитички или неврофизиолошки да ја обработиме, туку и да ја претво­ риме во дејство.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Инаку, веќе е во дејство новиот туристички режим на секој странец портирот прво му бара „бордеро“ (документ дека сменил валута), па потоа му го пополнува картонот за легло.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Интересна техничка новина претставува проветрувањето на блоковите со помош на специјална апаратура, која влегува во дејство сообразна на температурата и влагата на блокот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А.А нѐ следи, мене посебно, како реагираме на секој виден експонат, па потоа да стапи во дејство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас претпоставувам дека вие сте сакале да кажете дека верувањето на вашите родители не се изразувало во дејства (actes) во ритуализирано милосрдие како што тоа го прават верниците од сите религии: кажувањето на молитвите, одењето в црква, синагога или џамија, крстењето, коленичење, простернации, палење свеќа пред фрески, икони итн.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Вториот „шарец“, е во дејство!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)