во (предл.) - дискусија (имн.)

Така романот Бувар и Пекуше, посебно придружниот Речник на излитените идеи доби првенствено значење во дискусиите на Татко и Камилски пред нивната операција опасни османизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
ШТО САКАЛ АВТОРОТ ДА КАЖЕ, (со нејзини зборови) Не влегувај во дискусии со помалку информирани, а поагресивни.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Гемиџиите овие последни денови од животот ги поминувале шетајќи се низ новиот кварт “Пиргите“ во дискусија и размислувања за успехот и ефектот на нивната акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Влегувајќи во дискусија по принципиелното прашање - за и против востание - Кипров му објаснувал на Гоцета дека тоа што би го постигнала Организацијата со илјади човечки жртви, гемиџиите ќе го постигнат со помалку сила и голем ефект.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А вие, браќа мои, “ - им се сврти на браќата кои беа тука присутни, но не учествуваа во дискусијата, „да кажевте нешто за овие работи?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беше корегирана и ал. 7 од чл. 56 со која е предвидено дека глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на работодавач доколку не им дозволи на вработените, претседателот на синдикалната организација односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа да учествуваат во дискусии за сите прашања кои се однесуваат за безбедноста и здравјето при работата. (чл. 10 од ЗИДЗБЗР/окт.14) Дополнително беше дополнет и чл. 58 со што се предвиде глоба во износ од 5.000 до 8.000 евра во денарска противвредност која ќе му биде изречена на правно лице доколку во рок од 48 часа не го извести органот на државната управа надлежен за работите од областа на трудот и претседателот на синдикалната организација односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените за секој смртен случај, колективна несреќа и повреди при 97 работа кои предизвикуваат времена неспособност за работа повеќе од три работни дена како и за секоја појава која претставува непосредна опасност и ја згрозува безбедноста и здравјето на вработените.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Навистина како ќе се однесувавте вие ако оценевте дека ве оцрнуваат и понижуваат, но со некои чудни, дури и ведри бои од кои посебно се издвојуваше онаа во која девојката изразуваше надеж дека нејзиниот прилог во дискусијата всушност е наменет да помогне а никако не да нагрдува и докрајчува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во новите прекршочни одредби, за прв пат се споменува дека работодавецот ќе биде казнет со парична казна доколку: 1) обезбедувањето на мерките за безбедност и заштита на здравје при работа ги става на финансиски трошок на вработените, 2) не склучува договори со надворешни служби од областа на безбедноста при работа, 3) не им дозволува на вработените да учествуваат во дискусиите за прашањата од безбедност при работа, 4) не им ја презентира изјавата за безбедност и 5) дозволил пристап на вработени во области со сериозни и специфични опасности, а тие претходно не добиле посебни упатства.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во идеални услови, јавната сфера е арена каде поединците учествуваат во дискусија за прашањата од заеднички интерес, во атмосфера без никаква присила и нееднаквост кои би можеле да влијаат врз индивидуалните мислења или да ги оставаат без глас.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Буржоаската јавна сфера се заснова на принципите на отворена дискусија и користење на дискурзивната аргументација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Мој дом е мојата библиотека Мошне често сум вклучен во дискусии во врска со иднината на книгата и со темата дали електронските медиуми ќе ја уништат книгата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)