во (предл.) - длапка (имн.)

Очите ѝ беа пропаднати во длапките под веѓите и беше многу видливо дека сосила ѝ ги затворале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уште само очите ми се оставени на исто. Ми светат уплашено во длапките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Длабоко, некаде во длапките се криеше изострен ум, а тој можеби сакаше да остане во тишина, како би можел подобро да создава.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Најпосле Друже Србине сфаќа дека старецот не ќе го закопуваат во длапката од другата страна на тумбата, туку на самото теме, на највисоката точка од сиот синор.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Стиховите - криенки, Тајни загодочни, Песните - искри Во длапките очни Што само Мудриот ги гледа.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)