во (предл.) - дно (имн.)

Еј, разбегајте се отука! Вие мршојади проклети, оти сега удрив во дното, па можам да ве прескокнам и надскокнам!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Татко ми како да го насетуваше прашањето што сакаше да му го постави Чанга: – Длабоко, дури во дното на нашето сеќавање, постојат заборавени, изгубени празници кои го содржат и нашето создавање, обликувањето на нашата заедничка среќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ги знам затоа што сум повлечен во јазикот, во онаа маса од која произлегуваат зборовите со кои се служат живите. Во дното на 'рбетникот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Одев наваму-натаму низ собата, се вѕирав во дното на бунарот, гребев со прсти по песокот, но знаев дека можам само толку, да замислувам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Простран, со водоскок, во самиот центар, на чии оснежени фигури наседнале младичи и девојки, фрлајќи топки од снег, обиколен со монументални објекти - старата зграда на општината, градена во минатиот век, достоинствена, со голем градски часовник, со две цркви, кои се реновираат, а во дното се златее големата и монументална „Палата на Републиката“, во која само во еден нејзин дел е Претседателството на ДР Германија, а сѐ друго во овој огромен комплекс служи за обичниот граѓанин - за негова разонода, пред сѐ за младината.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во црквата владееше некакво шаренило: едни се молеа, а, други се одмараа на столовите во дното и пишуваа на разгледници, веројатно за да ги поздрават своите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во дното на „Вацлавските намјести“ имаше изложба во убавата сала „Хибернија“ токму спроти најголемата стоковна куќа „Котва“ и спрема репрезентативниот ресторан од времето на „Златна Прага“ - „Париз“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, едно катче, во дното на кафеаната, сето е во духот на „Фауст“, зашто по ѕидиштата, со јарко изразени бои се прикажани сцени од баханалиите на „Валпургиската ноќ“ од „Фауст“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Фоајето беше исполнето со викотници, кои доаѓаа низ една врата во дното, која беше ширум отворена и на која беше испишано, дека тука можат да влезат само луѓе на берзата - берзијанерите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Оркестар поставен на мал подиум во дното на просторна, свечено накитена сала.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Секоја сабота навечер го палеше кандилото пред Христовото распетие, таму, во дното на малата соба, се молеше за здравјето и за среќата на своето дете и се колнеше дека нема да го пушти синот да оди на печалба во тие проклети земји, макар тука и со корење да се храни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таму, во дното на собичката, стоеше нејзиниот невестински ковчег.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Гледаше низ џамлакот во дворот, но не распознаваше дали е бел ден или е црна ноќ, и сѐ му беше во дно од некоја полутемнина, во која предметите одвај ги додржуваат контурите, а боите веќе одамна се изгубиле, како кога во детството го гледаа замрачувањето на сонцето низ зачаден газер од скршено шише.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
7. Минувајќи еднаш (којзнае зошто, веројатно за ништо) по старите улички, Грдан се сети како чекорот му подзапира крај една ограда што му се стори позната: висока телена мрежа, уште повисока жива ограда, наместа не само оштрбена туку и поткопана, како под неа да се провирале зајаци, зад неа голем двор, изгазен и гол, со ретки стари дрвја и сосема во дното долго трошно здание, со препознатливата нечисто жолта фасада на државна установа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Изграден е речиси со голи раце големиот кинески ѕид на Балканот, со безброј жртви кои како некогаш пред повеќе илјади години во царството Кина, со вградени долги тунели во дното на пругата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Селска сиромашна соба на земја; лево во дното врата; десно огниште со прозорци од страните, а под нив камари; десно од вратата прикачена е ламба.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И тајната за тоа лежеше во дното на неговата душа и тој се движеше како во некој самрак, што некогаш се закануваше да се згусне во темница, нешто што никогаш не се случи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На отворената страница, некаде во дното, со големи, крупни букви пишуваше: „Соломон, циркузантот од гимназијата.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мораше да удри во дното, пред да се вивне во височините.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тополите не испуштаа ни глас ни тупот, туку стоеја сѐ така исправено, иако во дното на стеблото беа пресечени, како со невидлива пила, со нечујна секира.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога во еден миг се опулив во дното, има што да видам, си ја допивам сопствената сенка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во зракот на зениците каранфил две години расте, во дното на срцето, умира се раѓа, но сепак жигосано суштество во моминска песна завиткано ко месечина во облак молкум се тркала во душата...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сјаат... Летаат, летаат но без срце демнат полека паѓаат умирајќи во дното на душата...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во дното под неа стоеше наместен дебел трупец, се чинеше како челичните запци само што не се имаа вкопано во црвеникавата, искружена од годовите, целина на буковината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
После ја изнајде својата запалка и го џишна во дното.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потаму наидуваше на цели парчина засирена крв, исфрлени во дното на дирата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе се вгледаше во полицаецот кој влегуваше во каушот, неспокојно ќе бараше нешто во дното на ходникот, ќе ги начулеше ушите да го фати крцкањето на стражарските скорни или тетеравењето на нозе, одвикнати да одат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И пак познатото чувство дека паѓа во дното на собата, но тоа сега многу го беспокоеше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја држи, стисната меѓу колената, книгата што му ја даде Павле и чекаше да заврши часот за да истрча во дното на бавчата и таму да чита.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во дното голема и убава куќа сѐ до катот ѕидана од камен, а самиот кат од убаво изработена дрвена конструкција.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во дното под прозорците и лево, до самата врата миндер, послан и подреден со перничиња.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во дното мала приземна куќичка, соѕидана од камен и покриена со камени плочи со напред врата и мал прозорец затворен со капак.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Лево, напред, врата, а во дното долап; меѓу прозорците огледало од горе малку спуштено и украсено со крпа со домашен вез во форма прозорец со расечена завеса и од горе на среде преврзан со корделка.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во дното од собата два прозорци со завеси, меѓу нив огледало украсено со свилена шамија; лево огниште, а горе наоколу завеса, а десно е подреден чеизот од невестата: ковчег со над него поредени килим, постела, јорган и најзгоре перници.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Се повлекувам уште повеќе во аголот, го повлекувам потегот, може ли се да вратам назад, си велам, велам на глас, а го слушам ехото, екотот на забрзаната цивилизација што сложно ми вели: Не! Нема назад!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Збогум, дечиња, што не можев да ве родам, братчиња што не стигнав да му ги подарам на синот единец, вие ќе ми правите друштво во оваа темнина која ќе ми служи место гроб и каде што простум, и без сон, ќе останам до Судниот ден.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Исправена во дното на отворот, личела на Марија исправена зад својот олтар. „Збогум, скуту мој, рекла младата жена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Им ѕиркам во дното на душата низ очи: сенката е магијата на квадратот, удира егзија некаков нов геометриски знак, изместени се местата на играчите, страните на светот, правилниот распоред на редовите, дијагоналите, коњите, војниците, идеалот на магичниот квадрат за четворица и воопшто направена е материјална дигресија, чисто предавство на знаковната интервербална комуникација со слика, збор и звук.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само тогаш, според Кабалата, може да постои надежта за реинкарнација, да се пресоздаде животот низ проигрувањето на 22-те букви, но тогаш може да се создаде и Минотаур кој се наоѓа во дното на лавиринтот на зборовите...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Му беше појасно од секогаш по долгите дебати со Татко дека извишувањето на човек до кои било недопирливи врвови не може да биде ништо друго, освен длабоко спуштање во дното на сопственото битие.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Златникот потонал во дното. Се загубил за­секогаш во тињето, но легендата започнала, а свадбата продолжила.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Британските критичари, кои во дното на душата тешко му го простуваат доброволното заминување на Хичкок, совршено се во право кога и по триесет години со младешки жар ѝ се восхитуваат на Госпоѓата што исчезнува, но залудно е да се жали за она што поминува, за она што треба да помине.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Уште повисоко според надморската височина, е едно друго езеро, Преспанското, што го снабдува Охридското Езеро со половина од својата вода која се инфилтрира низ варовникот на планината и се појавува повторно, во изворите на Свети Наум или во дното на големото езеро, долго триесетина километри.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Имаше наши измамени на патот на јагулите, останати довек в туѓина, со аманети и последни пари да се испратат по смртта коските во родната земја, верувајќи дека само таа може да ги прими и да им даде спокој, да ги стопи во дното на копното, како јагулите во дното на океанот.“
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сонцето кацна долу зад Галичица оставајќи алев одсјај на небото и темничиште во дното на езерото и тие станаа да продолжат кон Ливаѓе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Потоа ги истрга гламните од огнот, гаснејќи ги со триење и исправајќи ги во дното на огништето со загореното нагоре, па потоа со машата го запрета огништето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Прават одлична рибина и јагнешка чорба, а покрај тоа, во дното на ресторанот, има стар џубокс со синглови на Хендрикс, Doors, Eagles.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таму, во дното на „Партизанска“, врз зградите смалени како да се од лего-коцки, натежнуваа темносиви облаци.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога последните сончеви зраци замреа зад западните планини, таа, уморна и бесна поради немоќта, но, како секоја жена во дното на душата задоволена поради поразот, го поттикна момчето: Се предавам!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во дното двокрилна врата и два прозорци, низ кои се гледа дворот сиот во зеленило.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)