во (предл.) - дует (имн.)

Да имаше барем некој недолточен пријател, но никако уште еден дотолчен па да кашлаат во дует.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сакајќи да ѝ остане во сеќавање овој посебен ден во нивниот живот, тој почнува да пее песна за неа, на што таа се надоврзува и завршуваат во дует: „Ох, љубовта е толку слатка напролет, кога две срца пеат во мај....мила, мила, мила, ќе ме сакаш ли некогаш?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И, додека те повикуваат во родилна сала, измерена колку си отворена во единица мерка „прсти“, слушаш како на боксот до тебе една црномурна млада пее стара ромска песна „Есмералда“ на барање од докторот и, додека таа наполу пее, а наполу вриска, ти доаѓа да завиваш и ти со неа во дует. . . .
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По некое време и домаќинот ја зеде неговата гитара и во дует со синот продолжија да пеат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сто вакви реферати и победата е наша, занесно продолжи татенцето, како во дует да говореа со другарката Оливера Срезоска.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Да играме карти? - Не. - Да редиме домино? - Не, - повторија жените во дует.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тогаш ранобудните петлиња долетуваа до врвовите на минарињата и оттаму пееја ли, пееја во дуети со оџите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)