во (предл.) - душник (имн.)

Во оној час кога таа се доближи навистина без видливи движења и само малку се надви над моите очи, во оној час кога во возбудата и во душникот почувствував скокоткање на мравји разбудувања, невидлива чучурлига го прогласи денот за почеток на пролетта: ливадите ги покриваат белокруни колениши, се разбудува меѓу шаренолисни крвариги желурок и со пренежен писок бара во капинова грмушка оклопена невеста, и се дуе во стоплена бара жерав пред бели птици со смирени крилја, почнува, мислев, зашто сега и водите и небото се сини и дарежливи со светлост, а на прагот на собата падна парче сонце и се разлеа стопено од своја топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некому морал да му го вади душникот (млад човек, богати, роса), - немало друго чаре, во душникот му влегла круша.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Свртен кон неа, со стапалки до распаѓање на колениците стиснати на ѕидот зад мене, ја држев во мрежата на недоспуштените клепки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми се вовре во грлото, ми се лизна во душникот, ми ги наполни џигерите, ме бутна во вителот, а вителот во вирот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Миграции Наведнати за да ја допреме со рацете, со очите, со думата тонеме во безсознание сѐ додека не се привикнеме на агонијата лепливо индиго на амнезијата нечитлив препис акутна миоптија мултиплицирани глетки сѐ додека не почнеме да наѕираме тихи обриси да насетуваме смисла а таа, пес бездомник куче скитник шуткана натаму-наваму зависно од традицијата од стомакот во гушата, во душникот аурата, срцето долж стопалата по врвовите на прстите, ко подноктица сателитска антена inter-link, inter-face нешто невидливо нечујно светликаво мрачно мазно бодликаво нешто кое држи до себе и до слободата за да може да влегува и да излегува кога ќе посака, да лунѕа севезден ни таму-ни ваму разбиена идеално дома, не-дома таа, а не-таа своја, а не-своја секогаш кога ќе се разместат фигурите ќе се затнат вентилите огништето се згаснува наидува поларен студ - 51° Целзиусов пука филмот прскаат шавовите напукнуваат ѕидовите се прецртуваат границите се митари митот!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Челичните заби се вклештија еден во друг, се стиснаа како ѕверска челуст, и тој, Стојан Ванков, се исправи со суво шушкање во душникот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ми се накрева некој ветер во душникот и праши дали праши, корне нагоре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)