во (предл.) - егзистенција (имн.)

Да правиш нешто ново нужно не подразбира доведување нешто физички во егзистенција - тоа може да биде нешто ментално како на пример, метафора или теорија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Познавањето на прецизно кодираното име на еден дигитален програм, му овозможува волшебно да биде претворен во егзистенција, трансцендирајќи го напорот на мускуларното и механичкото пребарување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И конечно, тој релативизам кој науката ја трансформира во поезија, а поезијата во егзистенција е тој фактор кој му овозможува на секој медиокритет во дадена ситуација да се вивне до нивоата на божество и на секој уметник и гениј да пропадне до бедата на обичен месар на банални страсти.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ритуалите на иницијација и учење на тајните вештини се заеднички за двете.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Знаеше дека изневерувањето на мајчиниот јазик може да биде најголемото предавство во егзистенцијата на еден човек, единствениот најсилен столб врз кој се одржува идентитетот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)