во (предл.) - езеро (имн.)

Во тие села што се покрај Езеро, се фрлаат во езеро, од страв, да не бидат живи фатени.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако сите ја свиркаме Интернационата, ќе се извлечеме ли?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ако сите дуваме во езерото, ќе направиме ли цунами?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Познати се случаи кога инсекти биле предадени на суд поради тоа што нападнале лозје, пијавици кои биле осудени затоа што се населиле во езеро итн.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Крај“, се стресна тој. Пак погледна во езерото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Веслата длабоко ја зафатија водата, г’жвите скрцаа, чунот се заниша леко, се навали малку на едната страна и тргна побргу накај високата карпа со која газеше ридот во езерото, а зад која беше живописната рибарска населба - Канео...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Смолчана и омалаксана, извишена во светлосиниот простор, куќата одвај се додржува, трепери, се чини, секој час ќе се згромоли во езерото во кое газеше со камените агли од долните ѕидишта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се слушаат тревожни гласови како да се дави некој во езерото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Прстенот му се слука и падна во езерото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сега сенките им се нишаа под нозете, како тревите под брановите во езерото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Фоте сепак го извлече на чунот, му ја откачи јадицата од устата и го фрли назад во езерото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На Гогољевата слика треба да ú се додадат неколку детали: во езерото пливаат лешеви, давеници, врз езерото паѓаат гранати, пловат запалени куќи, мртви деца, крш.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Секоја вечер се соблекувал, скокал во езерото и пливал пред очите на љубената истовремено гушкајќи ги двата лебеда, коишто ги подготвил специјално за таа прилика.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Новонастанатиот кич необично потсетува на Гогољевиот пливач во езерото кој ги гушка двата лебеда во езерото и ја заведува убавата девојка на балконот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
-Старче, да те прашам! Зошто твоето тело не се огледува во езерото? – се осмели Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Старче, да зачекориме внатре во езерото!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се беше волшебно: како некоја светлина да се огледуваше во езерото – блескаа искри околу Еразмо и старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ми се чини оти успеав да ѝ го насликам записот на годините врз лицето, сјајот на самотноста, тишината со која таа разговара со рибите во езерото, гласот со кој ги довикува пилињата и кутрињата, жужалците и светулките...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Штом ќе им дадела знак на селаните од околните села дека Господ внимава на нив и на нивниот премор, штом ќе го замолела Господа да ги благослови житјето, овошките, рибите во езерото и водите езерски послани до манастирските бедеми, таа се повлекувала во својата келија, ги земала бројаниците, коленичела и молитвела, молејќи ја Пресвета Богородица да ја престори ангел, кој вечно ќе ѝ служи и ќе ѝ се поклонува: Пресвета дево, Владичице наша, Богородице, мајчице наша, мојата молба услишија, во ангел престори ме, со светлина дари ме, со чесен и небесен подари ме, Пресвета дево, мајчице наша. Алилуја. Амин.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еднаш си преесапил, како да е во Орицко поле и Струшко, чунки тамо имало езеро, да можи морето да ја донесла гемијата во езерото и тамо можи да се скрши и тој излегол.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
„Ха - ха, не сум Орицко поле и Струшко; чунки тамо вакви луѓе немат со олку долзи носеи и олку високи во нозете; овие луѓе не сет асли како нас - си велел сам со себе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
шишенца, кочанки, чешлиња, мивки, сапунчиња, гризнато овошје, коски, пердуви, распаднати метли и износени опинци, и ги носеше некаде со себе за пак утрината да ги врати и да ги остави на брегот; гледаше кон шеварот и трските во езерото во кои се размножуваа сите водени птици и кои крескаа како нечисти тешки и гадурии, што тука, во старо време се криеле: змеови, азџери, стии, ламји, вештерки, улавици, гидии, сеништа, ветроштиње, таласами, нави, укалци, катари, улери, буици и други сакатури,
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Седнуваше крај Блосоените врби, гледаше во езерото што белскаше на сонцето, во галебите што гракаа во луда игра, кинеше од врбовите гранчиња, ги навиткуваше на прстот, правеше напрстоци и ја чекаше Царјанка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Имаше ноќи кога Висар често ја сонуваше бесмртната вода; сонуваше, како слегува во езерото да ја бара: поземаше воздух колку што можеше, скокаше од чамецот и се спушташе кон дното, но воздухот бргу му се трошеше и тој повторно се враќаше назад; Трајан му го пушташе веслото, му подаваше рака да се фати за чамецот, да се одмори, и потоа, земајќи повторно воздух, се спушташе сè подлабоко и подлабоко; не можејќи да слезе до дното, се разбудуваше сиот облеан во пот; погледнуваше кон прозорецот, кон месечината што блескаше, а во главата му одѕвонуваа зборовите на братучед му Трајан: каква бесмртна вода...! Глупости се тоа...!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Местото каде што застанал да го слика селово морало да биде од чун оттурнат во езерото, токму на она место од каде што очите можат да го заграбат сето село, но не и премногу далеку за да се изгубат посебните карактеристики на куќите, посебните белези и бои со различни тонови и нијанси: жолта, сина, зелена, кафеава, црвена, лилава, розова, чивитлија, сива, црна, алова, портокалова.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нацртпил вода во едно шише и бргу-бргу додека не се затворил процепот на планината, тргнал да се враќа по гласот на ждребињата и кобилите кои меѓу себе 'ржеле и се довикувале; но токму тогаш кога почнал да се враќа со гемијата по езерото, се кренале силни бранови што скокале преку гемијата и му го однесле шишето со вода; кога се смирило езерото, царот им наредил на своите луѓе да скокаат во езерото и да го бараат шишето; но сè било попусто: шишето пропаднало на дното од езерото и никој не можел да го најде; и по смртта на царот, многу други цареви се обидувале да го најдат, но сè било залудно.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На таблата напиша: „Збогум, драги мои. Заминувам за вечно... Заминувам зашто немам повеќе за што да живеам...“ Го најдоа удавен во езерото. ...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Предниот дел од куќата го заплискува езерото, дупи водата на него настојувајќи да го пробие; по ѕидот се оцртуваат темни валкани линии, 'рѓи, останати од езерото кога надојдувало и се качувало нагоре; долниот кат е влажен и во него не се живее; на горниот кат има прозорец што гледа право во езерото; во дворот, што се шири во задниот и јужниот дел од куќата, има бунар чијашто вода доаѓа од езерото низ песочните жилички и која постојано стои на нивото на езерото: кога тоа се повлекува, и бунарот се суши; од бунарот се црпи вода само кога езерото е матно, кога дува југот, и кога од него не може да се пие вода; во куќата се влегува од надворешните скали залепени до ѕидот и заштитени со дрвени пармаци; скалите завршуваат на долгиот чардак од кој се влегува во двете одаи; секоја има јужен прозорец кој гледа во дел од селото и во планинската шума што се протега сè до албанската граница.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ги распетлуваа градите од силината што им идеше, се соблекуваа голи и скокаа во езерото да се ладат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога ќе се умореше, запираше, влегуваше во езерото, зграбуваше од водата со грстите и фрлаше на себе да се олади, да го згасне телото што ѝ гореше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ничкосаниот чун пред куќата му служеше како маса: на него јадеше, на него пиеше, на него риби чистеше, грав требеше, зелки сечеше; отпадоците им ги фрлаше на гуските во езерото, кои, кога ќе го видеа, се собираа од сето село; тој им ги фрлаше отпадоците в клун и им велеше: „Лапни ми, да си ми здрава - дур' не ми паднеш в тава“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Само крајезерските куќи, оние што беа цапнати во езерото, беа ослободени од ова снежно заточение.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
децата се надмочуваа во езерото и трчаа околу огнот кој штркаше на сите страни искри како светли бубачиња; ги фаќаа мајките, ги редеа в скут и им кажуваа гатанки за да не се испотепаат меѓу себе: „Секој рошка во пазува за да најде нешто, а не сака да најде... Што е тоа?” „Вошка!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Видете да не е во езерото...“ рече Полин.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Качакот ја држеше главата провисната, гледаше в земја, сонцето го пржеше по темето, му облетуваа муви и инсекти околу устата што му пенеше и му гореше за вода, напинаше на јажињата со кои беше врзан да ги скине; гледаше во луѓето собрани околу него, гледаше во езерото што ја заплискуваше водата и со јазикот мласкаше, стружеше низ устата која сѐ повеќе му се сушеше; се вртеше и го бараше Делина да дојде веќе, да му го забуца куршумот и да го спаси од овие маки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Често сонуваше како езерото надошло, се разбеснило, фатило да крева силни бранови и да удира на куќата, да удира на ѕидот како на карпа што му се препречила и да го пробива, да откорнува камен по камен, да го руши; со ѕидот се крши и покривот што е кон езерото и паѓа заедно со него во водата; куќата зинува кон езерото како да ја расцепил гром на половина и брановите, скокајќи преку урнатините, се нафрлуваат и удираат во другиот дел од куќата каде што спие Бандо; Бандо скока исплашен, се буди сиот во пот и стрчнува кон прозорецот што гледа во езерото и, расонувајќи се наполно, стои неколку мига со челото допрен до рамката од прозорецот, а потоа се враќа в постела не можејќи да продолжи со спиењето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А еднаш го фатија кај што ја влече мрежата и повторно ги враќа рибите во езерото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Штом ќе се разгласеше дека војната завршила, луѓето сета комина што ја имаа (од сливи, од дренки, од муренки, од грозје, од кајкушки и оскоруши) ја вадеа од бурињата и ја носеа на казаните крај езерото да ја печат; се носеше и комината од црковните сливи и лозја и деноноќно се печеше ракија, и деноноќно се пиеше; пиеше старо, младо, машко, женско; како што капеа казаните - така луѓето со чашки, со филџани, со канчиња, со матарки, црпеа од ракијата, пиеја, наздравуваа еден на друг, ѝ наздравуваа на слободата, се бацуваа, пиеја колку што душата им сакаше и не им сакаше, кој како ќе се испијанеше скокаше сосе алишта во езерото или пак луѓето го пикаа да го оладат и отрезнат; но по секое отрезнување - започнуваше ново пиење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Рибарите шетаа со чуновите по езерото и не можеа да се изначудат и да им поверуваат на своите очи дека селото го нема.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Вртеа луѓето како улави околу езерото, се загледуваа во водата, влегуваа во езерото кога ќе им засенеше нешто, претаа со стапови низ шеварот и трските, фрлаа камења во плитките места, но сѐ беше попусто.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И навистина, Фиданчо секое утро комплетната тоалета ја прави во езерото: се нурнува, се насапунува, па повторно се нурнува и како морж излегува од водата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Требаше да се види, да се доживее одблизу таа митска матанѕа, тој невиден масакр врз џиновските туни па да се суди за расчекорот меѓу човековата незгасната деструктивна инстинктивна анималност и природата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ова беа и делови од омажот, кој му го посветив на Махмуд Дарвиш, на големата вечер во катедралната црква Света Софија во августовската ноќ 2007 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Живеејќи долги години на бреговите на едно од најстарите и најубави езера во светот, Охридското Езеро, уште од раните па до доцните години на животот ги следев со посебно внимание миграциските процесии на птиците и рибите кои започнуваа и завршуваа во езерото и неговите брегови, како еден од планетарните центри на големите преселби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред неполни триесет години, во 1978 година, со него се најдов, како и со другите на вишинката на манастирот Свети Наум, да му ја покажам мојата варијанта на балканскиот егзил, да му говорам за подводната граница во Езерото, вардена од змејот, за нашето вечно патување преку границата, за варијантите на медитеранскиот апсурд.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го одврзав Гаро за да може, кога ќе остане сам, да се напие вода во езерото долу.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Загрижено ти реков: „Си можел да паднеш во езерото“.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Дрвената платформа беше навлезена во езерото, на неа две стари столици - клацкалки.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Реката што слегува од планината, врви кај патот, се лиже од неговите ѕидани потпори, а потоа под селото, го напушта и оди слободно низ полето, се витка како јагула и се пика во езерото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Мајка не можеше да ја протолкува оваа Таткова наклоност кон проучувањето на јагулите, на нивниот пат, на нивниот код на сеќавање, на нивното прастаро жителство во Езерото, на тајните на нивното заминување, на нивната поврзаност со судбината на луѓето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Првин се извила полифо­ниската песна во езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа гранична линија никогаш не успевавме вистински да ја видиме, еднаш беше под водата во Езерото, друг пат на планинските сртови, па во позлатените житни полиња, помеѓу двата брега на реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тогаш дедо им рекол: „А сега, јунаци, ако го сакате златников, фрлете се по него во езерово!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Малите јагулчиња во огромни јата долги и по стотина километри, гонети од инстинктот, тргуваат по патот на нивните родители, врвејќи го по две години за да дојдат овде во езерово...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И додека тој се трезнеше пикајќи ја главата во езерото, училишниот прислужник Геро го меркаше отскришум коњот негов врзан во дворот од кметот, но откако го испретепаа, се плашеше да му излезе пред очи на кметот и селаните; вртеше околу дворот надевајќи се на згодна прилика да го грабне и вјавне.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потоа ги пикна во езерото да ги лади и да ги трезни.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Откако ги изнатрча и испоти, Геро ги пикна во езерото да ги олади и отрезни.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Дејко раскажуваше: - По мрестењето доаѓаат во езерото само женките јагули, додека машките остануваат во морето на вливот од Дрим и ги чекаат женките да пораснат...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Низ селото шушуркаат изворчиња каде се полни вода за пиење; но има и такви што не се корисни: извираат под селото и веднаш се вливаат во езерото како да бегаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Полковниците возменирени од грмежите и од она што се случи со Наќо, не можеа да заспијат; гледаа низ прозорците во езерото, кое кога ќе светнеше, се чинеше дека се потпалува, гори.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ги запреа коњите разгледувајќи го одблизу манастирот, восхитени од неговата убавина, кој извишен на карпата над езерото и опкружен со зеленило, се чинеше како да лебди над водата во дланки господови; езерото под него поигрува, одблеснува на сонцето и полека ја заплуснува карпата; лево од манастирот под падината на планината, клокотат огромни извори и исфрлаат изобилство вода која плавно, широко се разлева правејќи езерце што го обградува пошуменото островце пред да го пресече патот под мостот и да влезе во езерото со бучеж; на дното од мирната вода во езерото се прелеваат разнобојни алги фаќајќи ја светлината од сонцето што низ бистрата вода продира до нив; на островцето столетните дрвја ги раскририле гранките спуштени до самата вода во која фрлаат зелени отсјаји; по водата пливаат патки и лебеди, кои вознемирени од тропотот на коњите, се оддалечуваат повнатре во езерото оставајќи долги, меки бразди зад себе; на ледината крај изворите пладнуваат купчиња овци како бели, отворени цветови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Рибарот Дејко спас побара во бегање: го натовари семејството во чун и избега во езерото; натовари и храна колку што можеше да собере чунот и живееше сред езерото, далеку од селото, далеку од допирите на луѓето и болеста.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога ја виде Бонети цапната во езерото и со поткрената кошула за да не се водени, кога ѝ ги виде белите бутини што блескаа на сонцето, се возбуди.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
По некое време ги зедоа пиштолите и почнаа да пукаат на нив: паѓаа птиците на брегот или во водата, некои бегаа, се префрлуваа подалеку во езерото, некои нурнуваа во водата, а некои како да им пркосеа, позасилено фрчеа над нив и испуштаа пискливи гласови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Војниците му застануваа со колената на нозете, на слабината и на главата да не прета; и додека тој рикаше беспомошно и силно што оѕвиваше селото и планината - касапот ќе му го зариеше ножот во грлото, риејќи низ него додека му го пресечеше гркленот; кркореше бикот, шикаше крв на сите страни стркајќи ги војниците, се виреше крвта во локва и правеше црвена браздичка која истекуваше во езерото зацрвенувајќи ја водата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Крај нив на брегот и по целото езеро, прелетуваа и гракчеа разни езерски птици: галеби, пајки, гузи, норој, лажичарки, лиски, ибиси, шљуки, лопатарки, нуркачи, чапји, превезани и други; кружеа во јата, шуштеа со крилјата низ воздухот и се спуштаа на езерото, се смируваа за миг и потоа пак се креваа нагоре или се префрлуваа од едно на друго место во езерото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Некои, испијанети, скокаа во езерото, излегуваа натопени и викаа: „Може ли да искиснеме повеќе од олку...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
I Куќите од селото се раштркани која каде: едни крај езерото, други крај реката што слегува од планината и тече низ селото; реката е суводолица: лете коритото е празно, исушено, како оглодана риба; во пролет и есен водата надојдува, плави, луничи, бучи преполнувајќи го коритото и влечкајќи со себе сѐ што ќе најде по патот, се разлева, ги подлокува трапчињата, сокаците, ги урива мостињата и плитарите од плевни и кошари и ги влечка со себе растурајќи ги во езерото каде што се влива; луѓето трчаат по реката и си ги собираат во езерото однесените работи: греди, штици, каци, ношви, буриња, кошови, сандаци, и по некоја живинка што не се удавила; вртат со чамци, ги собираат или ги туркаат кон брегот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кожата им трепереше во ситни бранчиња; од очите им избиваше пламен; чувствувајќи го освежувачкиот благодет на водата, завлегуваа сѐ подлабоко во езерото да се ладат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Трчаа полковниците по брегот или влегуваа со кајче во езерото и ги собираа птиците.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Веќе беше смрачено кога таа, најпосле, му предложи да одат да се избањаат в езеро.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Патролниот чамец запре на пристанишниот дел, крај брзите изворски води, кои се влеваа во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Јагулите сакаат да го минат животот во Езерото, но да завршат во океанот! - продолжи Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тие, додека живеат во Езерото, се симболи на животот и на опстојувањето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го поведе во својот дом, веднаш поминаа во лабораторијата - работилница, во која Игор Лозински ја создаваше својата единствена музејска колекција на највидните претставници на флората и фауната на Езерото, почнувајќи од невидливите микроорганизми па сѐ до препарираните птици, риби и цицачи кои живееја во Езерото и околу него.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И сега, кога Татко беше во зенитот на својата потрага по старите отомански документи во кои се сокриваше тајната на идентитетот на семејството, во потрагата по ракописната Атлантида во која се криеше историјата на заминатите и исчезнатите на неговиот народ и другите народи на Балканот под отоманска власт, се префрлуваше во потрагата по природните закони во откривање на еволуцијата на живите суштества во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
IV Татко сакаше да појдеме од бистрата изворска вода која се влеваше во Езерото и која како ’рбет го означуваше патот сечејќи ја невидливата граница, што ја поставуваа и преместуваа луѓето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, Игор Лозински, беше, како биолог и медицинар, картезијански внесен во проуџбите на живите организми во Езерото и реката, па Татко стравуваше да му ги изнесе до крај своите сознајби, за тој да не го есапи за занесен лаик.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Пред да се згуснат изворските води и се излеат во Езерото, сочинуваа мали езерца, небаре рајски павилјони, во кои беше сублимирана сета убавина на неповторливата природа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се плашевме додека чунот се доближуваше до границата во езерото да не се обвистини легендата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Луѓето го напуштаа Балканот, а јагулите се заробија во Езерото за сите времиња. Годините минуваа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мане тргнува полека во езерото.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
ЕВДОКИЈА Втрчува во езерото: Мане!!!
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Еднаш се преесапил, како да е во Охридско Поле и Струшко, чунки тамо имало езеро, да може морето да ја донесло гемијата во езерото и тамо може да се скрши и тој излегол.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Покрај Мики-рибарот, на плажата се активни уште две деца, Гаге и Танче, кои се капат и скокаат од Неподмитливиот камен, мазна карпа испапчена над водата, десетина метри од брегот, од каде што полузаинтересирано ги набљудува машко русокосо дете, Климче, фрлајќи камчиња во езерото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Вкусен си им. Чивавата, исчекувајќи, глетка нагоре кон лицето на господарот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Со цигарче во уста, кое како да не се смалува, и до колена во езерото, Мики, упорниот рибар, со блинкер фаќа мренки и кркушки, запечени пастрмки.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мислеше дека си како некоја карпа пред нив, ама, иако се викаат плашици, ич не се плашат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А тој, гнидата, го набедил човекот и ете сега, како што слушам, седи во затворот во Нивици и изнесува и истура во езерото кофи лајна...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зар мене најде да ме избереш? Што сум ти згрешил, а?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Границата, во езерото, како и секогаш не се гледа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Наскоро ќе ви ја испратам и книгата која веќе целосно ја преведе Патрик Крисман...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На помладите, старите им ја прикажуваа границата во езерото како место каде што се крие повеќеглав змеј и дека не се нашол јунак кој ќе го совлада чудовиштето и ќе ги ослободи луѓето од стравот од границата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во ретките мигови кога сум печена свинска глава што го гризе забранетото јаболко, посакувам да сум покрај езеро, да си ги шлапкам нозете во водата, да се појавиш ти штотуку изгонета од Рајот и да влезеш во езерото, а јас да се радувам гледајќи те како го покачуваш нивото на водата со твоето дебело тело.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тогаш уште кокалосани, значи слаби и суви ко коска, пиеја ладна бира, што алајките во мрежа ја спуштаа длабоко во езерото; поткаснуваа од јагнињата што се вртеа на ражен и од млечниците и питите што се печеа под сач.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сончевите зраци ги чека рипчето в езеро, река, сонцето му треба на ќосето црно, на мравчето, на житното зрно.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
ЈАКОВ: Запалете ме. Фрлете го пепелот од манастирот Свети Канео Охридски во езеро.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Ќе те фрлам во езерото и тоа таму каде што е најдлабоко, кај браната, - ѝ се заканив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Затоа, според ферманот, нему му припаѓаше сѐ околу езерото, сѐ што лета на небо, оди по земја и плива во езерото, а покрај тоа неговиот закон зафаќаше и сѐ друго поврзано со живите, избеганите робови, соколските седела, па и сите даноци, од пазарните такси, од данокот за пасење на добитокот, за лозјата, димнината, арачот и џизието, па сѐ до најомразениот од сите даноци, данокот наречен „спенча”, кој сѐ уште се плаќаше со деца, иако по разни патишта и со разни хуџети до шеријатот, одамна се бараше да се прекине со него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Знаев дека тоа што ме немаше петнаесет минути и што се наоѓам во езерото далеку од нивниот поглед ќе го искористи за да му ја преведе пораката.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога отидов да пливам во езерото, веќе бев оддалечена од брегот, па ми текна што може да се случи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)