во (предл.) - енергија (имн.)

За тоа има неколку причини, од кои тука, во една пријателска “исповед”, ќе набројам неколку: Јас пред сѐ сум работник кој работи со материја, т.е. ја рециклирам материјата во енергија - артефакт и интеракција.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Е, за разлика од нив, јас верувам во енергијата и нејзината моќ.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сѐ ќе стане инфраструктура занишкана во вештачките светла и во енергијата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нејзиното основно усмерување беше уметничкото истражување на движењето, посебно поврзаноста со просторот и светлината, како и рамките на преминување на материјата во енергија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)