во (предл.) - жалост (имн.)

Ти остана детенце, утеха една во жалост, бујно ко фиданка в гора, За подвигот татков со восхит ти, иако мало, сакаше јас да ти зборам.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Но и покрај тоа што зградата е обвиткана со глази­ рана теракота, ќе се држам до мојата прва импресија за новиот дом на Енди Ворхол: таа сепак личи на нешто понакитен роднина на зградата од која, според официјал­ ните записи беше убиен претседателот Кенеди.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Гауденс - но колку што можам да се сетам, Ворхол е првиот американски уметник кој бил така почествуван од оваа земја, со исклучок на Норман Роквел, the master of Hallmark sentimentalia. (...)Од исказите на екипата која стои зад организирањето на овој проект, ова е досега најсеопфатна институција од ваков вид.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Аналогијата резонира со иронија: убиството на претседателот како еден вид американска трагедија што го прослави Ворхол; Џеки Кенеди во жалост како една од Ворхоловите трајни теми; (речиси фаталниот) атентат извршен врз самиот уметник неколку години подоцна, само еден ден пред да го убијат Роберт Кенеди; веројатноста дека после Кенеди, Ворхол е првата личност во историјата на Америка со која се поистовету­ваа толку голем број на луѓе по шеесетите години; сфаќањето дека Ворхоловата уметност, исто како и убиството на Кенеди, не е толку едноставна како што изгледа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Возобвиени се во жалост и тага за страдањето на душата на еден ангел. Ах, колку тоа многу боли.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)